„Во одбрана на Лагадин, во одбрана на Охрид”

06 Август 2017

Пред два дена на градилиштето на спорниот  хотел во населба Лагадин и во непосредна близина на планираната локација за скандалозната Медитеранска плажа, се одржа протестот „Во одбрана на Лагадин, во одбрана на Охрид”, на кој поголема група граѓани го искажаа својот револт против понатамошната урбанизација и девастација на охридското крајбрежје.

Повод за овој мирен протест беше изградбата на спорниот хотел, но протестот беше насочен и против сите обиди за уништување на крајбрежјето, езерото и Националниот парк Галичица, кои најчесто се прават под превезот на развој и унапредување на туризмот. Специјално за протестот граѓаните имаа изработено ипровизирани перкусионистички инструменти на кои се создаваше силен ритам кој го привлекуваше вниманието на автомобилите, минувачите и капачите кои се придружуваа кон протестот.

protest

Учесниците во протестот симболично беа намачкани со глина, а дел од транспарентите на протестот беа: „Мораториум за градење на целото крајбрежје”, „2183, дедо ми кажа дека тука некогаш имало езеро”, „Смрт за хотелот, слобода за крајбрежјето”, „Какви хотели, какви  Бакрачи”, „Урбани мафијаши, да се реинкарнирате во лебеди” итн. 

20645841 1433784953369382 1784567730 n

Преку овој протест, беше побарано неотповикливо поништување на дозволата за изградба на спорниот хотел и негово уривање, повлекување на плановите за Медитеранска плажа, напуштање на лудата идеја за хотелски ресорти во Градиште и Љубаништа и експресен пат на Галичица еднаш и засекогаш, прогласување на мораториум на градењето на објекти од цврста градба долж крајбрежјето, до донесувањето на нова стратегија за одржлив развој, стоиво соопштението на Охрид SOS кои од пред одржвањето на протестот најавија дека тие не го организираат, туку само му  даваат безрезервна поддршка.

Публицитет.мк 

Прочитано 1390 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter