Проф. д-р Јован Стојаноски кандидат за градоначалник од СДСМ: Охрид да стане подбро место за живот на сите

09 Октомври 2017

На „Публицитет.мк“ од денеска до среда очекувајте ги аудио – интервјуата со тројцата кандидати за градоначалник на Општина Охрид. Се потрудивме да прашаме она што вие всушност и сакате да слушнете и прочитате како одговор од нив.

Започнуваме со интервјуто со д-р Јован Стојаноски кандидат за градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ и коалцијата.
Нашиот прв соговорник проф. д-р Јован Стојаноски роден е во Охрид, во 1970 година. Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методи“ во Скопје. Во 1999 станува магистер по маркетинг, а од 2003 година е д-р по меѓународен туризам и маркетинг менаџмент. Стојаноски е предава економска група предмети на ФТУ - Охрид. 

Со клик на аудиото подолу - слушнете го во целост интервјуто со д-р Јован Стојаноски

Како член на СДСМ беше носител на советничката листа на локалните избори во 2013-та година, по што беше и координатор на советничката група на СДСМ во општинскиот совет. Оженет е и татко на две деца. Во речиси 30 минутното интервју за Публицитет.мк тој ја открива своја визија за Охрид во наредните четири години и идеите како Охрид да стане подобро место за живењее за сите.

baner 300x315 2

-Моето вклучување во политиката, повеќе би рекол дека претставуваше моја обврска како реализиран човек во својата област. Бидејќи, според мене општеството не одеше во посакуваниот правец. И сметам дека за секој човек е обврска да се вклучи во политиката доколку сака да промени нешто, а не само да е нем посматрач или аналитичар од страна. Ако сакаме да имаме добар правец на развивање на нашата држава и град сметам дека секој треба да даде свој активен придонес, вели во аудио интервјуто кандидатот за градоначалник на Општина Охрид од редовите на СДСМ д-р Јован Стојаноски.
-По двонеделната кампања од граѓаните ги слушнав веќе познатите проблеми со кои се судруваат најголем дел од нив,секој од сопствениот делокруг на живеење. Но, најмногу од прашањата се поврзани со нови вработувања, проблем кој предизвикува и демографска ерозија, иселувања на младите и не само на нив. Во селските средини доминираат инфраструктурните проблеми а на трето место е вкупното незадоволство од живеачката во градот по повеќе основи, додава Стојаноски.

jovan nova


Според д-р Стојаноски неводењето грижа за природните и културните вредности на Охрид доведе до силно развиена еколошка свест и тоа влијание да биде патоказ за Охрид како еден одржлив град.
-Помошта во надминувањето на проблемот со задолжувањето државата не може да го прави за секој град. Ќе го направи за Охрид бидејќи тој е светски познат центар и е под заштита на УНЕСКО. Охрид е посебен град во Македонија. Тука им благодарам на еколошките здруженија за нивниот притисок којшто го извршија и врз локалната и врз централната власт, а убеден сум дека и натаму ќе го вршат тој притисок за внимавање на еколошката компонента во развојот на Охрид и околината, вели Стојаноски, за Публицитет.мк

 22221678 916509655153895 2687281471858388211 n


Во интервјуто д-р Стојаноски одговара и на прашањето за состојбата со колекторскиот систем, идеите за реализација на помалите пилот - проекти пред почетокот на релаизација на стационарот за бездомните кучиња, фабриката за преработка на отпад, за помошта во образованието и културата, сообраќајната студија, конечната градба на здравствениот и младински дом.
Д-р Стојаноски вели дека ако ја добие довербата на охриѓани веднаш по 15 октомври ќе побара финансиска ревизија во локалната самоуправа за конечно начисто да се знае долгот на општината и јавните претпријатија. Жали што претходната власт , кога тој беше координатор на советничката група на СДСМ во Советот не сакала да соработува и проблемот заеднички да се решава, тук ја префрлале топката дека СДСМ го направил долгот – што според него не е точно и дека долговите се кумулирани и од објективни и од субјективни причини години наназад.
Кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ и коалицијата д-р Јован Стојаноски одговара и на прашањето како размислува долгот да се намали и анулира, како ќе се полни идниот буџет кој ќе треба да е развоен. Планира силна професионална администрација која континуирано ќе се едуцира. Така со секоја смена на власта општинската администрација ќе биде мирна, рече тој.

Со д-р Јован Стојаноски разговараше Милчо Јованоски

Публицитет.мк 

 

Прочитано 3627 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter