al palpojo 2020

Боби Мојсовски со Тончи Хуљиќ на концерти по Далмација

21 Август 2017

По двата успешни рок концерти на 16 август во Охрид и 17 август во Битола со камерниот оркестар, нашиот Боби Мојсовски веднаш замина за Сплит каде продолжува со соработката со Тончи Хуљиќ, еден од најголемите композитори на Хрватска.

По нивниот заеднички сингл "Ја би да сан опет мали", Боби, Тончи и неговиот бенд Мадре Бадеша тргнуваат со низа настапи низ Медитеранот.
Вчера, Боби настапи пред четири-илјадна публика во Сињ, а на 22 август ќе се одржи уште еден концерт во Дубровник.
Боби најавува низа концерти кои ќе се случат во брзо време, најверојатно по излегувањето на новиот албум на Тончи Хуљич и Мадре Бадеша, а исто така ќе има уште меѓусебни соработки на синглови кои треба да излезат во блиска иднина.

Публицитет.мк 

Прочитано 5880 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter