al palpojo 2020

Повреди кај парадонтални – потпорни ткива на млечни заби кај деца

02 Октомври 2017

Повредите се манифестираат како:

 

 

  1. 1.  Луксација
  2. 2.  Трауматско избивање на заби

Луксација на млечни и трајни заби  може да биде со различен степен, па за прецизно дијагностицирање е неопходен детален клинички преглед и анализа на РТГ снимка.

  1. 1.    Потрес – Контузија на заби е најблага форма на разнишување на забите. Пациентите и родителите би требало да се советуваат за повредениот заб , без разлика дали е млечен или траен , во наредните 7 до 10 дена  да не се оптеретува , односно да се конзумира повеќе кашеста храна .
  2. 2.    Субликсација – разнишување на заби – повредените заби се нишаат во хоризонтален правец. Ако повредените заби се трајни , неопходна е имобилизација во времетраење од две недели. Разнишаните млечни заби се имобилизираат само кај деца на возраст од 2-4 години , додека пак кај постари истите се екстрахираат.

3.Екструзија –делумно истиснување на забите од коскената чашка ( алвеола)  , при што повредениот заб е помалку или повеќе надвор од забната низа , подолг од останатите заби и значително разнишан. Терапија кај ваква повреда на траен заб е репозиција и имобилизација во времетраење од 2-3 недели. Пациентот треба да доаѓа на редовни контроли во времетраење од една година.Екструдиран млечен заб задолжително се вади , без оглед на возраста на детето.

                   capture 20171002 095431       

  1. 3.    Интрузија – делумно или целосно втиснување на забот во алвеолата при што забот е пократок од останатите заби. Надобар резултат во интервенирањето при ваков вид на повреда се постигнува со лесно извлекување на повредениот заб со помош на фиксен или мобилен ортодонтски апарат.Кога на овој начин забот ќе се врати во својата нормална положба , неопходно е истиот да се имобилизира во времетраење од 15 дена. Интрудираниот млечен за најчесто природно се враќа од алвеолата , но ако РТГ снимката покаже дека истиот е во контакт со зачетокот на трајниот заб, неопходна е негова итна екстракција.

                       capture 20171002 095603

  1. 4.    Латерална- странична луксација на заб – најчесто е скршен коскен дел од забната алвеола , повредени се меките ткива , а забот може да биде помесетн во сите правци  , но да не се ниша. Терапија за ваква повреда на траен заб е репозиција во нормална положба , а потоа да се направи имобилизација во времетраење од 2-3  недели. Млечен заб со ваква повреда се вади , со цел  да не дојде до повреда на зачетокот на трајниот заб.
  1. 5.    Трауматско избивање на заб -  во случај на трауматско избивање на траен заб , најчесто е тоа заб со незавршен развој на коренот во период на никнување при што коскената алвеола не е формирана целосно. Ако пациентот го донесе избиениот заб во ординација , треба да се направи реплантација, односно да се врати повторно во алвеолата. Успешноста на оваа постапка многу зависи од времето помегу моментот на повредата и реплантацијата , од оштетеноста на коскената алвеола како и начинот на донесување на избиениот заб во ординација. Најдобро е истиот да се стави во раствор од кујнска сол  ( 2 дц вода и 1 лажичка сол) , во млака вода. Како најлош начин е забот да се донесе во цврста и сува марамица . Ако избиениот заб е изгубен, неопходно е да се консултира ортодонт кој ќе предложи ортодонтско поместување на соседните заби кон настанатата празнина.

За повеќе информации во врска со Вашето орално здравје обратетет се во Стоматолошка Ординација “Д-р Сашо Стоев“, ул. “Никола Карев“ бб, ТЦ трудбеник Охрид

Тел : 070-307-262 / 070-452-100

www.drsasostoev.com

capture 20171002 095729

Пишува : Доктор Сашо Стоев

Стоматолошка Ординација „ Д-р Сашо Стоев“, 11 години пријател на Вашето орално здравје!

Публицитет.мк 

Прочитано 6729 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter