al palpojo 2020

Се одржа Вики Конференција за наставници, организатор беше ГЛАМ Македонија.

17 Ноември 2018

Во голема сала на општина Охрид,  се одржа конференција за унапредување и збогатување на Википедија на македонски јазик. Настанот беше во организација на Здружението на граѓани „ГЛАМ Македонија“ во соработка со општина Охрид.

На конференцијата учествуваа 65 наставници и стручни соработници, претежно од западниот дел на Македонија. Во првиот дел „Вовед во Википедија и останатите сестрински проекти“,  за кој предаваше претседателката на ГЛАМ Македонија,  Снежана Штрковска, учесниците беа запознаени со работата на самото здружение, како и со почетокот и создавањето на Википедија како интернет енциклопедија.

Второто предавање наречено „Википедија како поле за корисен волонтеризам“  кое го одржа  Наташа Неданоска стана збор за Вики клубовите низ Македонија. Тоа се клубови во кои членуваат ученици од основните и средните училишта и заедно со своите ментори создаваат статии кои се објавуваат на Википедија. Освен што волонтираат, се дружат и учат, Неданоска истакна дека овој начин за користење на слободното време е корисен од повеќе аспекти.

На тема: „Извори на информации“ говореше Гордана Јовиќ-Стојковска, која кажа за тоа како се ставаат референци на еден текст на Википедија, како и за нивната важност во уредувачките финеси.



На крај од конференцијата, Снежана Штрковска  одржа еден воведен курс за уредување на Википедија, при што учесниците можеа да се здобијат со првични информации како да започнат да бидат уредувачи на Википедија. На курсот беа присутни и ученици од ОУ.„Кочо Рацин“ од Охрид, учесници во Вики клуб Охрид, кои помогнаа и практично покажаа како тие уредуваат текстови  на Википедија.

На присутните им беа врачени  сертификати за поминатата едноднева обука.

Публицитет.мк 

Прочитано 6317 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter