al palpojo 2020

На Филмската академија во Охрид документарец за Св Кирил и Методиј

17 Октомври 2017
Вечерва - вторник од 18 часот, во амфитеатарот на Филмската Академија во Охрид (поранешен Дом на АРМ) ќе биде прикажан  документарниот филм посветен на 1150-тата годишнина од Моравската мисија на сесловенските просветители - браќата Св. Кирил и Методиј.
 
Документарецот  дава јасна слика за нивниот живот и работа. Двајцата современи чешки свештеници, Мирослав Херолд и Марек Орко Вача, кои учествуваат во играните делови посветени на  двајцата браќа.
Познато е дека  нивниот животен пат започнал од Солун и свештениците  формално го реконструираат нивното патување од поранешната Византиска империја до Моравија. 
 
Со придружниот коментар на Мартин Дејдар и авторот на Отакар М. Шмит, тие ги рекапитулираат различните аспекти и фази од животот на двајцата браќа: нивните религиозни, мисионерски и официјални активности во Византиската империја, разноврсни таленти, разузнавање и образование на Константин , особено во сферата на јазиците што го доведоа до задача да ја шират христијанската вера меѓу словенските народи во нивниот говор. Потоа, нивната мисија во Голема Моравија и револуционерните напори да го преведат Словото Божјо на стар словенски јазик во самиот Рим, и на крајот подемот на новата моравско-панонска Архиепископија предводена од Методиј,  нејзиниот пад по смртта на Методиј претставувало  и долготрајното отстранување на нивната врска од Централна Европа кон Исток.
 
Публицитет.мк 

 

Прочитано 942 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter