al palpojo 2020

Кандидати за ОСКАР за најдобар странски филм

18 Октомври 2017

Неодамна  Американската Академија за филмска уметност и наука објави дека оваа година за Оскар во категоријата најдобар странски филм, конкурирале 92 земји, што е најголем број на кандидати до сега. Меѓу сите нив ја нема нашата земја, Македонија, која оваа година нема свој преставник.

Кандидати за наш преставник беа филмовите „Кога денот нема име“ на режисерката Теона Стругар Митевска и „ Златната петорка“ на режисерот Горан Тренчовски. За причините и одлуката да нема наш преставник во  трката по наградата Оскар во категоријата Најдобар странски филм од неанглиско говорно подрачје,во изминатиов период известија скоро сите медиуми.

Во овој прилог вниманието ќе го свртиме кон годинешните кандидати во трката по оваа престижна награда.

 Ќе започнеме со тоа дека оваа година свои кандидати за прв пат имаат 6 земји: Хаити („Ајити Мон Амур“), Хондурас („Моразан“), Лаос ( „Најдрага сестро“), Мозамбик („Возот од сол и шеќер“(, Сенегал („Фелисите“) и Сирија („Малиот Ганди“).Интересно е да се спомене дека уште две земји (Гана и Обединетите Арапски Емирати)го пријавиле своето учество , но ниту една од нив не ги испратиле своите филмови на разгледување.

Инаку , пријавените филмови , морале да исполнат одреден услов :За прв пат да бидат објавени во својата земја во периодот од 1. октомври .2016 до 30. септември .2017 година. Рокот за пријавување на филмовите беше 2. октомври.Од вкупниот број на пријавени филмови (92) кон крајот на годината ќе бидат избрани девет финалисти, од кои пет ќе бидат номинирани за оваа престижна награда а чии наслови ќе бидат објавени на 23. јануари. 2018 година на денот кога ќе бидат објавени номинациите  и во останатите категории за наградата Оскар кои следната година ќе се доделат по 90 пат на церемонијата која ќе се одржи на 4.март. 2018 година во „ Долби театарот“ во Холивуд.

           capture 20171018 180303               

Да се потсетиме,изминатата година бројката на пријавени филмови беше само 76 филмови и дека Оскарот му припадна на иранскиот филм„ Продавач“на режисерот Асгар Фаради.Инаку, во долгата историја на оваа награда (наградата во оваа категорија се доделува званично од 1954 година) ,доминантен добитник е Европа со вкупно 55 освоени Оскари. Во таа долга историска дистанца најмногу награди Оскар во оваа категорија досега, има освоено Италија која дури 13 пати се закитила со ова признание. Филмовите од оваа земја меѓу петте најдобри се нашле 27 пати.Франција ,пак држи еден друг рекорд . Филмовите од оваа земја дури 34 пати досега се нашле во конечниот избор меѓу петте номинирани. Инаку оваа земја 12 пати се закитила со Оскар во оваа категорија.Далеку зад овие две земји со 4 оскари од 19 номинации се наоѓа Шпанија на трето место. Дури четири земји имаат освоено оскар по три пати и во оваа категорија . Тоа се: Шведска која досега 14 пати се нашла меѓу петте најдобри, Јапонија со 11 номинации, некогашниот Советски Сојуз со 9 номинации и Холандија  со седум номинации. Следуваат Данска, Германија и Чехословачка по два освоени оскари и таканатака.

Во продолжение ќе ве запознаеме со дел од земјите од Европа кои ги пријавија своите кандидати во трката по ова високо признание. Најпрвин ќе ве запознаеме со кандидатите кои ги предложија нашите соседи од бившите Ју простори.

                 capture 20171018 180501     

Иако еден од нашите северни соседи , Србија,имаат мошне добра и богата продукција , на списокот на пријавените филмови се најдоа само три филма кои ,според мислењето на многумина , не ја изразуваа вистинската годинешна продукција.Така во трката по кандидатурата се најдоа „ Реквијем за госпоѓата , Ј“ на режисерот Бојан Вулетиќ, ТВ филм на Горан Марковиќ „ Слепиот патник на бродот на лудаци“ и „ Зона Замфирова 2“ на режисерот Југ Радивојевиќ.

Комисијата го избра филмот на Бојан Вулетиќ да биде српски кандидат во трката по Оскар за најдобар странски филм.Да се потсетиме филмот ,кој преставува српско, македонско , бугарско , руско ,француска копродукција,својата премиера ја доживеа на годинешниот фестивал во Берлин. Веднаш потоа доживеа богат фестивалски живот и стана добитник на повеќе награди од кои најважните ги освои на фестивалите Фест во Белград и фестивалот во Софија каде ги освои наградите за најдобар филм.

                 capture 20171018 180615

Вториот наш северен сосед –Косово, за свој кандидат во трката по наградата Оскар , го избра филмот „Непосакуван“ од Едон Ризваноли – приказна за осамено момче кое живее во Амстердам со мајка му кој премиерно беше прикажан на годинешниот фестивал во Карлови Вари.

               capture 20171018 180729

Во последните неколку години меѓународно најактивната кинематографија во бившите Југословенски простори секако е Хрватската кинематографија која реди успеси на меѓународните фестивали ширум светот. Сходно на тоа не зачудува и бројката од пет пријавени филмови како кандидати за преставник на оваа земја во трката по Оскар.Комисијата од петте пријавени филмови се одлучи за можеби најнаградуваниот филм како на меѓународна така и на домашна сцена„ Не ми гледај во чинијата„ на младата режисерка Хана Јушиќ .

Филмот својот победоносен фестивалски поход го започна уште во изминатата 2016 година и досега е прикажан на 17 фестивали во Европа и светот. Освен тоа филмот има освоено и  17 награди од кои највредните се оние во категоријата за најдобар филм.Еден од најсериозните конкуренти на победничкиот бил филмот „ Уставот на Република Хрватска“ на познатиот режисер Рајко Грлиќ кој исто така доживеа убав меѓународен успех.

                 capture 20171018 180845

Боите на Словенија  ќе ги брани филмот „Рудар“ на Хана Слак кој ја раскажува приказната за еден босански имигрант во Словенија кој пронаоѓа докази за егзекуциите после Втората светска војна.Ова беше единствениот филм пријавен за кандидат за наградата Оскар во категоријата Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.

               capture 20171018 181030

Босна и Херцеговина е единствената држава од составот на некогашната Југославија која има освоено Оскар во оваа категорија. Се сеќавате во 2001 година Данис Тановиќ го освои Оскарот за најдобар странски филм за остварувањето „ Ничија земја“.Оваа година оваа држава за свој кадидат го избра филмот „ Мажите не плачат“ на режисерот Ален Дрљевиќ , кој беше награден на фестивалот во Карлови Вари а беше прикажан уште на десетина други филмски фестивали. Инаку, во трката беа пријавени три филма меѓу кои и филмот „ Жаба“ во режија на Елмир Јукиќ кој освои награда на годинешниот фестивал на филмската камера „ Браќа Манаки“ во Битола. 

Црна Гора како и Македонија оваа година ќе нема свој кандидат во оваа трка по наградата Оскар.

                           capture 20171018 181156

Што се однесува до останатите земји од Европа и светот , тие за свои кандидати ги предложија филмовите кои на меѓународна сцена веќе доживеале некој успех или веќе освоиле некоја награда на некој од светски познатите филмски фестивали. Одлука која секако е за оправдување во една ваква голема конкуренција од 92 кандидати.

                           capture 20171018 181259

Така, Франција за свој кандидат го предложи филмот „ 120 отчукувања во минута“ на режисерот Робин Кампиљо кој на годинешниот Кански филмски фестивал ја освои наградата „Гран при“.И Шведска се одлучи во трката по Оскар да го кандидира филмот кој на оваа зе ја донесе наградата „Златна Палма“ за најдобар филм на годинешниот Кански филмски фестивал Се сеќавате беше тоа филмот „ Квадрат“

Унгарците , кои пред две години го освоија Оскарот  за филмот „ Синот на Саул“ овојпат ќе се обидат да го повторат успехот со филмот „ За душа и тело“ на режисерот Илдико Енједи кој беше прикажан на голем број на филмски фестивали меѓу кои и на фестивалот „ Браќа Манаки“ во Битола.

Мошне успешниот австриски творец Михаил Ханеке ќе ја преставува  Австрија со својот најнов филм насловен како „ Среќен крај“, додека Алжир за свој кандидат одлучи да биде филмот на режисерот Рашид Бушареб , насловрн како „ Пат за Истанбул“.

Уште еден филм кој беше награден на годинешниот Кански филмски фестивал ќе се најде во трката по Оскар. Се работи за рускиот филм „ Без љубов“ на режисерот Андреј Звјагинцев кој во Кан ја освои наградата на жирито. Да не заборавиме дека овој режисер и со својот предходен филм „ Левијатан“ од 2014 година беше во конкуренција за Оскар како преставник од Русија.

Полска, која пред три години го освои Оскарот со филмот „ Ида“ на режисерот Павел Павликовски , оваа година за свој кандидат ја предложи крими драмата „ Животински траг“ на режисерката Агњешка Холанд.

             capture 20171018 181540                        

Во трката по Оскар се најде и познатата американска актерка а од пред неколку години и режисерка, Анџелина Џоли која Камбоџа ќе ја преставува со нејзиниот последен филм направен во оваа земја„Најпрвин го убија татко ми“.Тука е и режисерката Лукреција Мартел од Аргентина со филмот „ Зама“. Чиле се одлучи за филмот „ Фантастична жена“ на режисерот Себастијан Леило а Колумбија за филмот „ Виновниот човек на режисерот Иван Гаона.

            capture 20171018 181650

Нашите источни соседи во трката по Оскар ќе се натпреваруваат со наградуваниот на повеќе фестивали „ Слава“ на режисерите Петар Валчанов и Кристина Грозева додека Грција полага надеж во филмот„ Американски сквер“ на режисерот Јанис Сакаридис. Албанија се кандидира со филмот „ Распуст“ на режисерот Гентиан Кочи, додека Италија ,која досега е рекордер со 13 освоени Оскри во оваа категорија, оваа година во трката оди со филмот „ А Киамбра“ на режисерот Џонас Карпињан.

 capture 20171018 181832

Германија се одлучи за филмот „ Од ништо“ на режисерот Фатих Акин кој на актерката Дајан Кригер и ја донесе наградата за најдобра женска улога на Канскиот филмски фестивал а на кинематограферот Рајнер Клаусман бронзената камера 300 на фестивалот во Битола.Четирикратниот добитник на Оскар во оваа категорија, Шпанија, оваа година се одлучи за семејната драма „ Лето 1993“ на режисерката Карла Симон, која премиерно беше прикажана на годинешниот Берлински филмски фестивал.

Минатогодишниот добитник на Оскарот за најдобар странски филм - Иран , оваа година за свој кандидат го пријави филмот „ Здив“ на режисерот Наржес Ајбар.

Една од најразвиените кинематографии, Индиската, се одлучи за филмот „ Њутон“ на режисерот Амит Масуркар а Кина за филмскиот спектакл „ Волкот воин2“ на режисерот Ву Јинг.Австралија ќе се надева со филмот„Просторот помеѓу“ на режисерот Рут Боргобело а нивните соседи , Нов Зеланд, со филмот „ Иљада јажиња“ на режисерот Туси Тамасес.

Ова се само неколку преставници на земјите учеснички во годинешната трка по Оскарите во категоријата најдобар странски филм. Кој ќе влезе меѓу петте номинирани ќе дознаеме на 23. Јануари.2018 година кога ќе бидат објавен номинациите за наградите Оскар. Едно е сигурно, Македонија нема да биде меѓу нив.

Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Прочитано 676 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter