al palpojo 2020

Прв број на „Линк“ списание за аудиовизуелни уметности

12 Октомври 2017

Од печат излезе првиот број на списанието за аудиовизуелни уметности  „Линк“, издание на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Европска филмска, театарска и  танцова академија Скопје – Париз – Есен – Ротердам, како дел од меѓународните проекти и активности што Универзитетот ги покрена и организира по повод десетгодишнината од основањето.

-Идејната замисла на списанието е да се занимава со прашања и проблеми што произлегуваат од областа  на филмската, театарската, музичката и танцовата уметност, фузинирајќи ги во целина  од научен аспект. Со тоа се пополнува една празнина во културната, научната и образовна дејност во Република Македонија и се отвара поле  за аналитичко, компаративно, критичко , историско и теориско разгледување , со што всушност ќе се артикулира една научна рефлексија на областите што претставуваат предмет на изучување на студиските програми на Универзитетот - истакнува главниот уредникпроф. Д-р Александар Трајковски.

Тенденција  е позиционирање како списание со научно истражувачки карактер со импакт фактор во издавачката дејност за што е формирана и меѓународна редакција од еминетни уметнички и научни дејци од САД, Словачка, Франција, Германија, Бугарија, Романија и Македонија.

Во првиот број на списанието  е објавен есејот од  Јордан Плевнеш „Макрон, нова шанса за Европа и интеграцијата на Балканот во ЕУ“, преземен од француски „Монд“, потоа текстот на проф. Д-р Мишо Нетков - „Телевизијата како медиум во зачувување на исторкиско-културниот идентитет“,  на проф. Д-р Стефан Сидовски -  „Филмско уметничко дело“, на проф. Д-р Александар Трајковски -„Развојниот пат на филмската музика“, на  проф. Д-р Томислав Таневски - „Применета музика или функционална музика во филмот“, на проф. Д-р Љупчо Коцкаров - „Музиката во функција на интеркултурното образвание, на проф. Д-р Мимоза Рајл - „Македонскиот Хамлет“, на м-р Валентино Скендеровски -  „Популарната култура како место на отпор„ и на м-р Милчо Узунов – „Дистрибуција на видеосигнали“.

Публицитет.мк 

Прочитано 574 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter