al palpojo 2020

„Мојот живот, мојот свет“: Есад Бајрам

26 Мај 2017

Есад Бајрам е поет,раскажувач , преведувач и публицист  од турската етничка заедница во Република Македонија. Роден е во Охрид на 29 мај, 1934 година.Завршил Виша педагошка школа во Скопје.Член е на друштвото на писателите  на Македонија од 1987 година.

Со клиук на линкот слушнете го интервјуто со Есад Бајрам.  Водител е Милчо Јованоски 

Неговите претци од Турција дошле во Македонија. Есад и денеска се гордее што тие не биле освојувачи туку камилари. Всушност тие носеле храна за војската. Неговиот прадедо се населил во Пештани а татко му и тој се родени на Мазија во Охрид. Мајка му живеела на Имарет. Бајрам е најмалиот во семејството од уште 2 браќа и една сестра. 

Во интервјуто реализирано во 2010 година како дел од проектот Роднокрајни автори на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид и прв пат јавно се емитува. Во него Есад Бајрам зборува за себе, за детството, образованието, учетителствувањето и директорувањето во ОУ „Братство - единство“ во Охрид. Има дел за семејството, сопругата , ќерките и внуците.  

Не потсети дека првите стихови ги напишал во почетокот на шеесеттите од минатиот век во „Млад борец“ и „Бирлик’ 

Искрено вели дека има два мајчини јазици - турски и македонски. Преку творештвото и поезијата го прошетал светот. Есад сега живее во Охрид. 

 

ESAD FOTO 1

 

 

ЕСАД БАЈРАМ БИОГРАФИЈА

Автор е на книгите: Плетенки ( поезија , 1978 ), Буквар и срце ( поезија, 1979 ) , Дневни прошетки  ( поезија , 1981 ) ,Бажадарина ( поезија , 1982 ) , Дете во години ( поезија , 1982 ) , Вечерни прошетки  ( поезија 1986 ), Аливели ( раскази,1990 ), Палата на душата ( поезија , 1989 ) , Ѕвездени бакнежи  ( поезија за деца , 1993 ) , Диван ( поезија , 1995 ) , Пеливани во кујната ( раскази , 1996 ) , Весели деца ( поезија , 2001 ) , Исповед на поетот  ( записи и статии , 2008 ) , Очите вечерни зелени ( поезија, 2010 ). Во самоварот на животот. 

Бајрам добил награда од поранешниот турски претседател Сулејман Демирел награда за придонес во афирмацијата на турската литература во светот. 

По повод Светскиот ден на преведувачот 30 септември во 2012 година  Друштвото на писателите на Македонија на книжевниот преведувач од турската националност во Македонија, охриѓанецот Есад Бајрам му ја врачи  Повелбата “30 Септември“ што се доделува на истакнат македонски книжевен преведувач за долгогодишна успешна преведувачка активност. 

Во 2016 година една  од литературните средби организирани од страна на Институтот Јунус Емре  во Скопје беше  одржана презентација на турскиот писател од Македонија Илхами ЕМИН кој ја  вреднуваше личноста и делата на Есад БАЈРАМ.

ESAD FOTO 4

КУС ИЗБОР ОД ТВОРЕШТВОТО НА ЕСАД БАЈРАМ 

 

                                    ОЧИТЕ НА НОЌТА

Како облак летнат

на врвот на една планина

вечерва мојот нос

на телото ми се обеси

темницата исчезна од градот

со неа и зелените очи на ноќта

кои во витрините

на цените се залепија.

Од дамнина знаев дека

вратата на соседот има очи

и своја тајна,

ама дека и ноќта има очи

дури при вечерашнава прошетка дознав.

Сето тоа во срцето чука

и една луња животна си заминува.

 

ESAD FOTO 5

 

                      ЅВЕЗДИ

Вечерва ѕвездите шетаат во езерото

крај езерото дувка ветер

во мене се множат чувствата

душата сака да ја види вистината

ѕвездите што шетаат окото не ги гледа.

Има поговорка која живее кај народот

„лицето на вистината да го видиш ’.

Вистината се сместила во амбарот,

во нивата не можам да ја засадам

дедо ми нивата ја продал

во нивата свадба прават кртовите.

Дедо ми се родил со отворени очи

штом се родил почнал да намигнува

со време кон небото гледал со затворени очи

татко ми сирак го ставивме в гроб

јас сум споменикот на денешницата.

 

                        НЕКОГАШ

Јас

Некогаш

Полна куќа

Имав

Со жената

Разговарав

Со децата

Играв

Во душава радости

Имав.

 

20170526 135247

 

                   КАФЕЗ

Во кафезот

на моето срце

Сонцето и славејот

се сместени,

сонцето грее

славејот пее

а јас

со самотијата

се расправам.

 

             ПРИЈАТЕЛ

Пријателот

Со пари

Не се купува .

Со срце.

 

 

ESAD FOTO 3

 

             ПРОШЕТКИТЕ НА ЅВЕЗДИТЕ

Едно шише тесно

го наполнив

со водата на денот.

Во постелата

на срцето

лицето на трендафилот

го сместив

и го успав.

А јас,

прошетките на ѕвездите

ги посматрав.

                        Од стихозбирката „Очите вечерни зелени “ издадена 2010 г.   

Публицитет.мк 

Прочитано 2473 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter