al palpojo 2020

„Мојот живот, мојот свет“ - ретро 3

30 Септември 2017

И додека паузираме да се потсетиме на третиот и последен дел од нашите соговорници, кои со своите приказни и животни вистини го направија серијалот во минатата сезона интересен.

„МОЈОТ ЖИВОТ, МОЈОТ СВЕТ“: МИЛЕ МИЌУНОВИЌ  31 МАРТ 2017 

 Со д-р Миќуновиќ не е тешко да се најде тема за разговор, но ова е едно од ретките интервјуа ако не и единственото во аудио форма што досега го дал за некој медиум,  а поврзано со неговиот живот и творештво. 

ad92596c2b24d6756b74512c1c1fb493 L

По повод 90 книга „Масонски мистерии“ која излезе од печат неодамна  Публицитет.мк овој петок во рубриката „Мојот живот, мојот свет“објавува аудио интервју со д-р Миле Миќуновиќ во кое тој отворено зборува за себе, своите пориви, професијата, пишувањето на научни и популарни книги , зошто неговиот докторски кабинет изгледа како да сте во библиотека, како се раѓаат афоризмите, анегдоти од лекарската практика,  за урологијата и сексологијата , за тоа колку во 21 век паѓа или не сексот како табу тема ...

„МОЈОТ ЖИВОТ, МОЈОТ СВЕТ“: КНИГАТА МОЕТО СЕ’ - САЕМСКИ СРЕДБИ 1 и 2   на 7 и 14 април 

 Новото издание на „Мојот живот, мојот свет“ е снимено на Саемот на книгата во Скопје.

34a484259407eaebc0e23d9b1fa61d26 L

Во првиот дел авторот и водител на  аудио серијалот Милчо Јованоски разговараше со четворица познати автори. Пред микрофонот на Публицитет.мк застанаа  поетите и писатели: Раде Силјан, Оливера Николова, Цане Андреевски и  новинарката Тамара Арсовска, сопруга на покојниот Томе Арсовски. 

Во вториот дел авторот и водител на аудио серијалот Милчо Јованоски разговараше со писателката и сопственичка на издавачката куќа ЕДУКА МАК м-р Ели Маказлиева, со новинарот, публицист и писател Блаже Минески и охриѓанката Весна Костовска, која во издавачката куќа ПОЛИЦА од Скопје е лектор и уредник на дел од изданијата.

„МОЈОТ ЖИВОТ, МОЈОТ СВЕТ“: НАУМ ПЕТРЕСКИ

Наум Петрески и по активни три децении е грло ненапеано.

d296ca184a1a95f3c9db92969489bbd1 L

Во аудио интервјуто за Публицитет.мк ден пред славеничкиот концерт во Скопје вели: - Кога си ја почнал, не смееш кариерата да ја оставиш на случајност.

Сиве овие години медиумите во Македонија повеќе или помалку се занимавале со неговиот музички пат до ѕвездите, речиси го следеле во чекор и во жолтиот печат не би одбегнат.

„МОЈОТ ЖИВОТ, МОЈОТ СВЕТ“: 40 ГОДИНИ ОУ ХРИСТО УЗУНОВ - ОХРИД “ 28 АПРИЛ

Деновиве ОУ „Христо Узунов“ од Охрид на свечен начин го одбележа патрониот празник и големиот јубилеј 40 години од постоењето. 

Со наставници и некогашни наставници од ОУ „Христо Узунов“ во чест на јубилејот разговараше Милчо Јованоски. 

0978ac8303ec0aff0b1ebdc180c587b2 L

Тоа беше доволен повод најновото издание од аудио серијалот „Мојот живот, мојот свет“ да го посветиме на поранешни и денешни просветни работници кои биле и се дел од образовниот процес во училиштето.

„МОЈОТ ЖИВОТ, МОЈОТ СВЕТ“: ИВА НИКОЛОСКА, 5 MAJ 

 Оваа недела во аудио серијалот  „Мојот живот, мојот свет“ гостува Ива Николоска.Таа е асистент во Кабинетот  на градоначалникот на Општина Охрид Никола Бакрачески.

Нејзиниот живот и нејзиниот свет всушност се синот Виктор и сопругот Атанас.

d79c822eef8ae5806cf2542b33aafc1e XL

Ива со широка насмевка на лицето и по преминот во интервјуто од „Вие“ на „Ти“ рече: - Почестена сум што сум дел од оваа рубрика на Публицитет.мк , но уште повеќе сум почестена дека не сум јас првиот повод, туку некој што го сакам повеќе од себеси ,мојот син.

„МОЈОТ ЖИВОТ, МОЈОТ СВЕТ“: IN MEMORIAM - ЕЛЕНА КАРАМЕШИНОСКА - АНГЕЛОСКА 12 МАЈ 

 Завчера во Охрид во 77 година од животот почина Елена Карамешиноска Ангелоска поетеса од Охрид.

12e3c138fd4bc80d4e82575aec6bb0e1 L

Карамешиноска Ангелоска е родена во селото Мешеишта во 1940 година и на познавачите на пишаната реч во Охрид и Македонија и беше позната по нејзините збирки поезија. Таа беше член на клубот на писатели при НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид.

„МОЈОТ ЖИВОТ,МОЈОТ СВЕТ“: МУКЕРЕМ ДАЛИПИ АРИФИ - ПУПЕ, 19 МАЈ 

 Се вика Мукерем сите ја знаат како Пупе фризерката. Така им се одзива на најблиските и на пријателите. Мукерем е само во документите.

a1be6465dcc00a2f776b9f9477f01a89 L

-Кога сум била малечка сум личела на пупка штотуку не расцветана  и од тука дошол мојот прекар кој останал до денеска,со насмевка вели Мукерем. – Како што стареам се’ повеќе сакам да ме ословуваат по моето крстено име, додава Пупе.  

„МОЈОТ ЖИВОТ, МОЈОТ СВЕТ“: ЕСАД БАЈРАМ, 26 МАЈ 

8bd452a553c35083d5b88caa23593528 L

Есад Бајрам е поет,раскажувач , преведувач и публицист  од турската етничка заедница во Република Македонија. Роден е во Охрид на 29 мај, 1934 година.Завршил Виша педагошка школа во Скопје.Член е на друштвото на писателите  на Македонија од 1987 година.

 

„МОЈОТ ЖИВОТ, МОЈОТ СВЕТ“: ЈОВАН ПАВЛОВСКИ, 2 ЈУНИ 

Во рубриката „Мојот живот, мојот свет“ интервју со новинарот, публицист и писател Јован Павловски од август 2004 г, реализиарно во Охрид во култната „Летница“.

13a0d99d2e985e9213286c5d57bf0d6d L

Друштвото на писателите на Македонија деновиве одбележа 80 години од раѓањето на истакнатиот македонски писател Јован Павловски и 60 години од неговата творечка дејност...

„МОЈОТ ЖИВОТ, МОЈОТ СВЕТ“: Д-Р ПАВЛЕ МИТРЕСКИ, 9 ЈУНИ 

 Во новото издание на аудио серијалот „Мојот живот, мојот свет“добредојде му посакуваме на проф. д-р Павле Митрески  познат историчар и хроничар на Охрид и регионот. 

c8dc88d636b01c8bbad9bc695659b1eb L

Д-р Митрески е роден во селото  Вишни 1932 година.Растел во многудетно семејство и дури по виорот на војната влегува во училиштните клупи. Сликите од раното детство му се врзани за пасиштата, дружбатa со стадата овци,борбите со волците, љубовта кон  кучињата и планините околу родното село. По завршувањето на основното образование , желен за наука инсистирал и успеал да ги наговори родителите да го пуштат во Битола да учи во Учителска школа.

Публицитет.мк 

Прочитано 1122 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter