al palpojo 2020

„Мојот живот, мојот свет“: Живка Ангелоска - Жижи

25 Ноември 2017

Живка Ангелоска е дипломиран правник, вработена во хотелот „Гранит“. Таа е сопруга на Горан и мајка на Даријан.

Одамна е симпатизер и член на СДСМ а од 2013 активна во политиката. Претседателка е на Форумот на жени на СДСМ - Охрд. На последните локални избори стана советник и претседателка на Советот на Општина Охрид.

img029

Живка со родителите

 

Во еден дел од интервјуто ни ги откри причините зошто се решила за влез во политиката и со какви идеи и очекувања е во неа.

Со клик подолу - слушнете го аудио интервјуто со Живка Ангелоска. Водител: Милчо Јованоски

Низ разговорот само ја потврдивме тезата зошто на жените им е потешко од мажите да се на јавна функција или пак во политиката. И не само поради менталитетот и недовербата кон жените кај нас.  Проговоривме и за дилемата ако само жени се на клучни позиции и ја водат на пример политиката на сите нивоа дали државата би била посредена а луѓето далеку посреќни.Таа ми одговори потврдно.  

img031

Со Живка Ангелеска - Жижи како што најмногу од блиските, пријателите и сопартијците ја познаваат разговаравме за нејзиниот живот и нејзиниот свет. Иако, ова и’ беше прво интервју,ако се изземат спорадичните изјави во медиумите,  тремата исчезна по првата реченица сврзана со убавината и честите разговори за и со езерото.

img033

Со братот Ѓорѓи

Споредбата на канцеларијата во хотелот „Гранит“ и нашата во „Аквариус“ ја врати во средношколските денови кога знаела со друштво или самата да седне на некоја клупа на кејот и да мечтае и да фантазира, но и да бара одговори за некои неправди, младешки љубови и разочарувања. Денес на средба со езерото, како што ни рече оди најчесто со синот Даријан.

img030

Во охридската касарна, од времето на рецитациите

 – Тој е мал за да ја има таа емотивна врска со езерото ама мене средбата со синилото ме одмора и ми дава енергија. Езерото не секогаш ми давало одговор на прашањата,сепак ме правело посилна , сама да ги најдам во себе, ни рече Ангелоска.

img026

Од матурската

Дружбата во култниот „Аквариус“ на ноемвриското сонце кај неа ја разбуди емотивноста, романтиката и таа ја отвори својата душа па проговори јавно за многу нешта кои досега ретко кој ги знаел за неа.

Подолу во интервјуто таа ни раскажа зошто и покрај понудите да живеат во Скопје или на ред други места останале во Охрид.

img025

Од свадбата - со сопругот Горан

Жижи ни зборуваше за секојдневните обврски, погледот на светот и нејзиниот микрокосмос во кој првото место е резервирано за синот Даријан.За поддршката и помошта што ја има од семејството на сопругот и нејзините родители и братот.

img023

Семејството Ангелоски

-Даријан беше долго чекано дете. Неговото доаѓање на свет, ме промени целосно, ни призна Жижи. Таа ни ја раскажа и емотивната средба со своето новороденче, дури два дена по породувањето, секогаш ќе се сеќавам како што вели на денот кога јас се запознав со Даријан.

 img021

Даријан

-Можеби пред да се роди тој бев  како сите во одредени периоди од животот свртена кон себеси, себична. По  неговото раќање се промени се’. Што и да постигнам, каков и да е успех во кариерата никогаш и ништо нема да има толкава голема сила и тежина – мојот успех е Даријан. Кога ќе ја добијам неговата детска прегратка јас сум најсилна на светот, вели Жижи.

IMG ce8082afcb2f13eee83aabee788dccb9 V 1 

 Денес, Даријан има 12 години и пишува и стихови проза, рецитира и добива награди. Охридската јавност го запозна одблиску пред околу 3 години по добивањето на првата награда на интерниот конкурс распишан за патронатот на ОУ „Григор Прличев“ во кое тој учи и поетската творба која тој ја напиша и уште помаестрално ја изрецитира и никого не остави рамнодушен во Куќата на преродбеникот Прличев.

IMG 37abae3959fe8c6476bcf6d485113cdc V 1

-Тој е дете ко и сите други но многу емотивен.Сака да рецитира, да глуми и да биде во центар на внимание. Лесно се спријателува со луѓето. И да не испадне како мајка , како секоја мајка премногу да го фалам да ви откријам сега станува тинејџер, како ќе биде и што ќе сака во иднина ќе видиме, со насмевка и гордост вели Жижи и додава:  –Ако го прашате него ќе ви рече дека сака да биде доктор, да настапува во некој филм  но да биде и премиер кој ќе направи луѓето да се задоволни -  поттикнат од кавгите помеѓу политичарите и неговата забелешка дека возрасните не знаат да се договорат.

 

IMG afe8f117d69244bfb3f242d173489708 V

Жижи рече дека Даријан најмногу си игра со другарчињата и со братучедот Кирил и дека најмногу ги сака баба му Нели, дедото- таткото на Жижи, Кирил  и нејзиниот брат Ѓорѓи. – Тоа се тројцата луѓе кои Даријан го обожува ни кажа Жижи.

Жижи е родена во Гостивар, иако нејзините родители се по потекло од Охрид. На тој период не се сеќава, но затоа се сеќава на дел од детските години минати во Кичево каде што е роден нејзиниот брат, а татко и работел во ветеринарната станица. Од тие денови ни раскажа за куклите со кои играла и кои и ги купувала мајка и’ , која и самата ги сакала, а Жижи и денеска ги чува и се драг спомен и и’ враќаат слики од детството. Се сети и на малечката,  ранета срна која ја чувале во ветеринарната амбуланта и на тагата кога следела разделбата откако дошол мигот, срната да се врати во нејзиниот – дом, шумата.

img027

Дарјан со вујко му

Неизоставен е делот за селидбите од Горна Влашка Маала во Даљан, честото менувања друштва.

Кога разговаравме за основното училиште ни кажа дека била меѓу првенците во генерацијата во „Христо Узунов“ ги спомена класната Даница Донеска, Цветан Ѓурески и Виолета Зафироска, активното учество во рецитаторската секција натпреварите и наградите. Кога преминавме на гимназиските денови ни раскажа за тоа како продолжила во рецитаорската за професорката по македонски Вера Нанчова, за Добрила Каланоска, по математика и за Никодим Ставрески и ред други кои како што вели и нејзе и на генерации ученици им ја дале вистинската насока во животот.  Студирањето во Скопје ,беше посебно поглавје во интервјуто заедно со гордоста дека е од Охрид и цврстото држење во комуникацијата да се користи охридскиот дијалект, иако како што вели во официјални пригоди и места сака да се изразува на чист – литературен македонски јазик. 

img032

Даријан со бабата, дедото и вујко му

Скопје и асоцира и на чувството  дека со студирањето се станува свој човек по разделбата со семејството и домот и грижата сама за себе. Жижи го спомена  полагањето на правосудниот испит кај Шкариќ кој претходно и бил професор по Уставно право. Со насмевка се потсети на омилените часови кај Фрчкоски и полните предавални, за средбите со професорот Јане Миљоски и редица други за кои вели дека уште тогаш биле елита и создале генерации квалитетни правници.

img024

Признава дека животот е создаден од многу подеми и падови и дека секое станување и продолжување ја правело поцврста и поенергична и тоа не е само нејзино искуство, туку и искуство на луѓето кои секојдневно ја опкружуваат.

Слушнете го интервјуто во целост и слушнете зошто понекога се идентификува со еден од ликовите на филмот „Однесено од виорот“.

img028

Даријан со дедовците

Жижи ни раскажа што ја прави среќна и премногу тажна. Ни раскажа за тагата по нејзината баба и особено, подоцна по загубата на свекорот Ѓуре, за кого не штедеше искрени комплименти. Свекор ми и татко ми ми ги даваа најискрените комплименти, но совети вели таа. Се паметам, не сум заборавила.  

Слушнете на кој начин заедно со сопругот ги сакаат дружењата со пријателите и кафеаните и дека сака да слави во охридските кафеани поради најубавата охридска музика и најдобрите наши музичари кои вели дека им нема рамни.

22449793 1463031587099956 1752207918128409629 n

Се ближат празници Жижи во интервјуто ги поздравува пријателките од сите периоди од животот и вети јавно дека ќе стори се’ со најголем дел од нив да се види или барем да се слушне пред, за и по новогодишните празници.

И да не откриваме се’. Има уште многу нешта а интервјуто содржи и музика по избор на гостинката.

Публицитет.мк

Прочитано 3788 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter