al palpojo 2020

Адвокатско друштво „Гоџо, Кичеец и Новакоски“ од Охрид – 50 години потоа

15 Октомври 2017

Се’ почнало на 13 октомври 1967 година кога познатиот охридски адвокат Томе Кичеец се запишал во Именикот на адвокатите во Адвокатската комора на Македонија и  официјално отворил своја канцеларија во Охрид. Неколку дена подоцна неговиот чекор го следи и адвокатот Петар Гоџо и оттогаш започнува нивната работа со адвокатурата и дружбата која од нив ја наследиле нивните деца  и трае до денес,а  сакаат да веруваат дека и нивните деца ќе ја продолжат традицијата.

 Тоа што го почнале Томе, Петар и Фидан, таткото на Ристе е како еден вид амајлија за нив.

На неколку часа пред одбележувањето на големиот – златен јубилеј, 50 години од континуираната адвокатска работа на адвокатското друштво „Гоџо, Кичеец и Новакоски“ угледните охридски адвокати браќата Драган и Александар Гоџо , Игор Кичеец и Ристе Новакоски  за Публицитет.мк го раскажаа својот дел од приказната наречена адвокатура.

20171014 125149

Со клик на аудиото слушнете го во целост разговорот со славениците. 

Како и во секоја професија, така и во адвокатурата ако ја сакаш ќе бидеш успешен , велат четворицата. Одговарајќи на моите прашања , рекоа  дека многу научиле од нивните родители за односот со клиентите, пристапот кон предметите и односот во судницата. Ми кажаа дека Драган, Игор и Ристо дружат меѓу себе уште од најраното детство – уште од шест години и еве тоа пријателство трае. Адвокатското друштво го формирале 2010 година.  Игор со должна почит потсети на придонесот во адвокатурата  од страна на неговиот покоен брат Сашо Кичеец.

 20171014 125204

Другари од детството

 Вртејќи ја веселата страна од разговорот Игор со возбуда ни кажа дека е посебно среќен што на прославата ете со нив ќе биде неговиот татко Томе кој дочека во истата фела да ги има рамо до рамо со себе и внуците – синовите на  Сашо и една од ќерките на Игор. Во тимот на адвокатското друштво меѓу 11 адвокати се и двете ќерки на Драган и еден од тројцата синови на Ристо а децата на најмалиот од партнерите во друштвото, адвокатот Александар се мали и како што ни рече се надева дека барем некое од нив ќе тргне по неговите стапки. Александар истовремено ни кажа дека една деценија е помал од останатите ама дека им благодари што уште од мал го третирале рамен на нив и секогаш бил во нивно друштво.

IMG 3493

Со охридските адвокати проговоривме и за нивните успеси и присуство на меѓународен план . Позитивното искуство со судењето во Хашкиот трибунал , во Европскиот суд за човекови права и во низа меѓународни арбитражни  спорови кои завршиле во нивна корист како друштво.

IMG 3501

Стана збор и за етиката во адвокатурата, познавањето на законите и народски речено дупките во нив. За надмудрувањето со судиите, за тоа како се справуваат со емоциите сврзани околу судските процеси и средбите со нивните клиенти...

IMG 3234

Зборувајќи за ритуалите и заедничкото  кафе  пред заминување ми рекоа дека на прославата ќе свири и пее нивниот бенд. Репертоарот го правеле додека публиката  ги правела нарачките... им верувам.

IMG 3729

Желбата на Драгган, Ристе , Игор и Александар  е друштвото да трае и заедно да одбележат уште поголеми годишнини а нивните деца да го продолжат нивниот пат.

IMG 3745

Свесни се дека времето на бутик адвокатурата, како што некој нивни пријател ја нарекол  старата пракса еден адвокат – една канцеларија  е одамна минато и дека домашните и посебно странските корпорации ги бираат најуспешните и нај организираните . Сигурно една од желбите на четворицата кога ги дуваа свеќите на роденденската торта беа во иднина потенцијалните клиенти и компании да не носат свои адвокатиски тимови од страна, туку да ги ангажираат нив. Тие како тим се скромни , истовремено и свесни за сопствените квалитети  и во догледно време посакуваат нивното адвокатско друштво да има своја канцеларија во некоја светска метропола.

Милчо Јованоски, Публицитет.мк 

Фото: Публицитет.мк и Зебра продукција - Охрид 

Прочитано 13198 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter