Овој петок во галеријата „Робевци“ изложба на Христина Зафировска од Скопје

12 Септември 2017

Христиа Зафировска во Охрид ќе се претстави со 15 дела работени на хартија во комбинирана техника  и озаглавени под името „Никулец“. Отворањето на изложбата е закажано за петок во 20 часот. 

 Зафировска е  родена во Скопје. Завршува средно уметничко училиште на одсек применето сликарство. Дипломира на Факултетот за ликовна уметности при Универзитетот

„Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на смер-сликарство со графички дизајн. Моментално е магистрант на Факултетот за Дизајн и Мултимедија во Скопје-насока графички дизајн.

2009 година станува член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Таа е една од основачите на уметничката група и уметничкиот простор „Арт И.Н.С.Т.И.Т.У.Т.“ во Скопје, основано 2009 година; исто така е една од основачите и член на уметничката група „МОМИ“ која почнува од 2012 година со активна реализација на проекти низ земјава и Балканот;

Христина Зафировска работи во полето на сликарството, графичкиот дизајн, инсталацијата, цртежот, фотографијата и видеото;

Активно учествува на локални и регионални проекти и погранични соработки од областа на културата.  Дел е од многубројни фестивали, работилници, симпозиуми, групни претставувања на Балканот, во Европа и пошироко;

 

 21742282 10155000854988435 1174400273 o

Самостојни изложби
2017- „Никулец“ Музејска куќа „Робевци" Охрид, Р. Македонија

2016–“NEW URBAN MAN” НУЦК „Марко Цепенков" Прилеп, Р. Македонија

2015–“NEW URBAN MAN-WOMAN” НУЦК „Кочо Рацин“ Кичево, Р. Македонија

2014 –“WO-MAN”
- Културно информативен центар (КИЦ) Скопје, Р. Македонија
- Центар за култура „Марко Цепенков" Прилеп, Р. Македонија

2012 – „Трка на суети” Прима Центар Берлин, Германија

2012/2011 - “Mainstream”
- Национална галерија на Македонија-Објект Чифте Амам, Скопје, Р. Македонија
- Центар за култура „Трајко Прокопиев" Куманово, Р. Македонија

- Центар за култура „Марко Цепенков" Прилеп, Р. Македонија

- Центар за култура „Антон Панов" Струмица, Р. Македонија

2010 - „Визуализација на моментот”

- „Отворено графичко студио“ Музеј на град Скопје, Р. Македонија

- Дом на култура „Иван Мазов Климе" Кавадарци, Р. Македонија

- Галерија „Безистен" Штип, Р. Македонија

- Музејска куќа „Робевци" Охрид, Р. Македонија

2010 - „Три исти спротивности"
Галерија „Владимир Димитров-Мајстора" Ќустендил, Бугарија

2009 –„Creation II”

- „Хотел Аполониа“ Гевгелија, Р. Македонија

- Центар за култура „Марко Цепенков" Прилеп, Р. Македонија

2007 – „Creation”
Младински културен центар (МКЦ) Скопје, Р. Македонија

„МОМИ“ група од 7 уметници

2015 – „Како снежна топка надолу по планината...“ Галерија ФЛУ-Скопје, Р. Македонија

2014 - "Resist! What?" МОМИ „Галерија Карас“ Загреб, Хрватска

2014 – „Да се истрае во кругот“ МОМИ „Културно Информативен Центар“ (КИЦ), Скопје, Р. Македонија
2014 - „МАЛИ НЕШТА (со големи букви)” МОМИ „Автономен Културно Социјален Центар“ Скопје, Р. Македонија
2013 - „Множество, Божество, Рождество” МОМИ „Културно-информативен центар на Р. Македонија во Софија“ Бугарија
- „Галерија Подрум“ Културен центар Белград, Србија
2013 - „Полукружење“ МОМИ-Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид, Р. Македонија
2013 - „МОМИ II” Дом на култура „Кочо Рацин” Галерија КО-РА Скопје, Р. Македонија
2013 - „TABOO“ МОМИ-Интернационален фестивал за современи уметности „NUS“ Сплит, Хрватска
2012 - „Бакнеж во уста” МОМИ Дом на култура „Иван Мазов-Климе” Кавадарци, Р. Македонија
2012 - „Good Vibes” МОМИ Мултимедијален уметнички фестивал „БОШ“ Гевгелија, Р. Македонија
2012 - „МОМИ” Кинотека на Македонија-Скопје, Р. Македонија

 

21744791 10155000851903435 637805976 o

Учество на регионални проекти:

2013 - „Различноста, како начин на градење капацитети во културните индустрии“

Подгорица, Црна Гора

Фестивали:

2010 - "CopyBrains" - BIT FEST “Битола отворен град 2010",

интернационален уметнички фестивал Битола, Македонија

Кураторски проект:

2013 – „Скопски Урбани Приказни“ на тема „Будење на солидарноста“во соработка на ДЛУМ и Скопско лето, уметнички проект од јавен карактер, (селектор и координатор на проектот)

Скопје, Р. Македонија

Перформанси:

2009 - “Let’s Fuck Them With Purple”, културен центар Арт И.Н.С.Т.И.Т.У.Т.”,
Скопје, Македонија

Дел од проекти и работно искуство:
- работи како freelance designer

2016/2015-дел од тимот за реставрација и конзервација на црквата
Св. „Богородица Перивлепта“ Охрид
2016/2015/2014/2013-(односи со јавност, организација и координација на проекти) како дел од тимот на Друштвото на ликовни уметници на Македонија

2007/2008-соработка со (МОБ) Македонска опера и балет, изработка на платна за сценографија на балетската претстава „Рајмонда“
2006/2007-соработка со британскиот конзулат, изработка на сценографија за филм
2003-државен проект „Пелинце“дел од тимот за изработка на фасадниот мозаик

Саеми за уметност, групни изложби, уметнички работилници и симпозиуми:

Дел е од над седумдесет групни изложби и уметнички саеми, над дваесет симпозиуми и уметнички работилници во земјата и во странство, како што се: Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Србија, Косово, Албанија, Бугарија, Грција, Турција, Романија, Чешка, Италија, Австрија, Германија, Данска, Кина и Њујорк.

Публицитет.мк 

Прочитано 797 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter