Елена Лангоска од ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец најдобар млад библиотекар
07 Октомври 2017
На 29 септември во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид се одржа годинашниот општински натпревар „Млади библиотекари“.
На натпреварот учествуваа 18 ученици од 6 основни училишта од Охрид и околината од кои најдобар успех покажа Елена Лангоска, ученик од VIII одделение од ОУ „Ванчо Николески“ од с.Лескоец под менторство на библиотекарот Ана Пупиноска Стојкоска.
Елена со менторката Ана Пупиноска - Стојкоска
Победничката од натпреварот ќе учествува на Републичкиот натпревар кој ќе се одржи на 3 ноември, годинава и ќе го претставува Охрид.
Публицитет.мк