Актуелно
Tрадиционалниот поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ за 2023 година, македонскиот поет Влада Урошевиќ, се одржа синоќа во црквата „Св. Софија“ во присуство на претседателот Стево Пендаровски, како и пред бројни гости од земјава и од странство.
Со традиционално читање на „Т’га за југ“ и палењето на поетскиот оган утревечер свечено ќе биде отворено 62. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“, коешто ќе се случува на платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ со почеток во 20 часот.
Никој не може да го загрози македонскиот народ. Не постои диктат од кого било. Ова е македонски предлог, поддржан од ЕУ за наша корист и наше добро, порача премиерот Димитар Ковачевски пред пратениците.
Депонијата „Буково“ повторно гори и го загадува воздухот во Охридскиот регион. Локалната самоуправа решението го гледа во изградбата на регионалната депонија кај Новаци која според најавите на Министерството за животна средина и просторно планирање треба да профункционира до крајот на 2024. Сепак тој рок најверојатно ќе биде пробиен поради барањетона Општина Новаци да се изгради заобиколница за отпадот да не се транспортира низ населено место …
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во интервју за МИА зборува за неопходноста од освојување на уставните измени. Посочува дека нови условувања за Северна Македонија по исполнувањето на договореното нема да има. Вакви пораки до нашата земја стигнаа и од меѓународната заедница, кои прецизно и отворено кажаа дека по уставните измени нема нови барања надвор од Преговарачката рамка.
Македонските граѓани денеска прославуваат 120 години од започнувањето на Илинденското востание прогласувањето на Крушевската Република како и 79 години од Првото заседание на АСНОМ и воспоставувањето на македонската државност.
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов официјално го потпишаа Општиот колективен договор за вработените во јавен сектор.
Изворите Свети Наум во центарот на вниманието на домашната и светска научна јавност: откриени се два нови видови полжави.
Статистичките податоци покажуваат дека Македонија е во длабока демографска старост. Алармот е одамна вклучен - младите заминуваат, училиштата се празнат, нема кој да работи, вели статистичарот Дончо Герасимовски.
Аеродромскиот оператор ТАВ Македонија, денес, 19-ти јуни, на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид ги пречека првите патници кои дојдоа од Белград, притоа одбележувајќи го обновувањето на авиолинијата Белград-Охрид-Белград на Ер Србија.