Бев сексуално нападната и зошто не се плашев да зборувам за тоа

27 Декември 2019

 

Да се живее во константен страв од непредвидливоста на животот е една работа, друго е кога знаеш дека тој страв е директна рефлексија од она што најчесто ни е наметнато и начинот на кој се случуваат работите во истото.

„Молчи, не кажувај“, „Машките ќе си бидат машки“, „Срамота е, не се глупирај!“ и ред, ред други изговори се едни од најчестите причини, покрај стравот, зошто жртвите на сексуално насислтво не пријавуваат и не преземаат ништо.

            Како што веќе прочитавте од насловот, и јас бев жртва на сексуален напад. Познавајќи се себеси и начинот на кој ме израснале моите, не ми е табу тема да зборувам за и да им се спротиставам на деликатни теми како оваа. Статијава не сфаќајте ја како причина за себесожалување – едноставно, ова е мојата приказна којашто после една година конечно одлучив да ја споделам. Не само заради тоа што можам и не ми е срам ниту страв, туку затоа што знам колку жртви на сексуално насилство не можат. Живееме во 21-ви век, но неукоста и изветреаните „морални“ вредности, се’ уште ни го косат напредокот, а имањето свој став и глас, желба за неоткажување, отворен и образован поглед кон светот е она што може, не целосно да го промени, но е едно скалило погоре кон промена.

            Пред една година, кога привршував со трета година факултет, ми се случи нешто што никогаш не би помислила дека би ми се случило мене. Бидејќи студирав во Струга, секој ден чекав комбе назад за Охрид. Се сеќавам дека беше прилично сончев и топол ден, почеток на јуни. На постојката со мене беа уште двајца странци. Најверојатно пар од Холандија. Љубезно ме прашаа кога доаѓа комбето и откако им кажав, заедно во молк го чекавме неколку минути. Кога комбето конечно стигна, беше поприлично полно, та бидејќи поседувам месечна карта, забрзав да се качам пред парот и да најдам место некаде на крајот од комбето, зашто знаев дека допрва ќе се качуваат уште луѓе. За моја среќа (читај: несреќа) на самиот крај од комбето имаше едно слободно место, до еден човек што седеше до прозорецот. Човекот откако ме забележа, стана и ми го отстапи неговото место. Не мислев ништо и сметав дека тоа е сосема нормално, та се заблагодарив и седнав. После неколку минути, од секоја станица се качуваа нови лица – средношколци, баби и дедовци, возразни кои се брзаат за на работа, па во комбето остануваше се’ помалку и помалку место. Можеше да се почувствува топлината во задушливиот воздух и потта која демнеше на прозорците од комбето. Почнавме сите да се стискаме, баш како некои сардини во конзерва и така релацијата Струга-Охрид на секој патник му прерасна во нервоза, која се ублажуваше секој пат кога некој ќе слезеше од комбето. Јас веќе навикната на ова секојдневно патување напред-назад, немав никаков проблем. Со слушалките во уши, одвај чекав да стигнам дома и да одморам после колоквиумот. И така со чантата над моите нозе, со телефонот в рака и слушалките в уши, мирно си гледав низ прозорецот, влезена во некој свој филм, кога одеднаш забележав нешто чудно. Меѓу нозете почувствував топлина и вибрација. Првата помисла што ми помина низ главата – „Океј, можеби некој ме бара, а телефонот ми е в чанта“, но набрзо сфатив дека телефонот го држам в рака. Следно нешто што го направив – , инстинктивно, ја тргнав чантата од нозете, и сфатив дека „господинот“ кој седеше до мене и толку културно го отстапи неговото место за мене, нашол начин, да ја протне неговата рака под мојата чанта, да ја стави цела негова дланка на мојот интимен дел и со неговите прсти да ја чепка мојата вагина.

                        *** Мала пауза, зашто како што се присетив на случкава,

                              така ме фати ненормална фрустрација и нервоза,

                              всушност, како и секој друг пат кога ја кажувам

                              приказнава***

Целата во првичен шок и неверување, веднаш му ја тргнав раката од мене и почнав да го гледам со бес.

„Шо прајш бе?“

„Извини.“

„Какво извини, нормален си?!“

Веднаш после овај краток дијалог, тој стана и се истурка низ гужвата за да слези на следната постојка. Јас уште во неверување, го извадов телефонот, го сликав и снимав од позади и му се заканив дека ќе го пријавам. Додека јас викав хистерично, во автобусот се свртија само неколку глави, а сите други го правеа она што најдобро знаат да го прават – незаинтересирано да го живеат нивниот живот. Се’ уште во неверување, од се’ што се случи и поради фактот никој не се ни осмели да ми помогне, ниту да ме праша дали сум во ред, слегов веднаш на следната станица, која беше дваесет минути од мојот дом. Почнав да се движам накај центар со брзи и нервозни чекори и поради многуте мисли во главата кои ми се вртеа во моментот, почнав да плачам. Откако малку се вратив при себе, но се’ уште нервозна, како што се движев, му се јавив на татко ми, кој ме замоли веднаш да одам кај него на работа.

Се сретнав со него, му ја кажав случката и му реков дека сакам веднаш да пријавам во полиција. Докази имав, а и меморијата ми беше свежа. Токму и поради тоа што меморијата ми беше таква, а и ден-денес ми е, се најдов себеси во една состојба, каде неконтролирано почнував да плачам, фрлав се’ околу себе и го колнев денот. Денеска, можеби не плачам и не колнам, но дефинитивно чувствувам нервоза и гнев. Сега некои од вас би се запрашале зошто не станав по него кога тој излезе од комбето, или зошто не направив ништо, зошто не го застанав, дури ни зошто не го удрив кога ми беше пред очи. Одговорот е едноставен: не можев. Во тој момент се чувствуваш толку збунето, толку мизерно ко да имаш допрено дно. Не знаеш дали тоа вистина тебе ти се случува и зошто ти се случува, а и мислите ти се на сите страни. Сфаќаш дека си беспомошен и дека секоја твоја следна постапка може да влијае негативно врз тебе. По природа сум личност која верува во правда, и вакви неправилности и болни постапки се за мене неприфатливи. Но, тогаш – во тој момент, јас целосно се изгубив. Единствента опција ми беше да излезам од комбето, кое изобилуваше со тежината во воздухот и беше преполно со незаинтересирани сограѓани.

Откако отидовме во полиција заедно со татко ми, знаев дека ме чека долг процес. Инспекторот и останатите беа фини кон мене и цело време ми викаа да не се срамам и да им кажам се’ од А до Ш. Откако беа вклучени и другите надлежни, ми беа и поставувани многу глупави (но, најверојатно процедурално-потребни) прашања од типот: „Сигурна си дека не го познаваш? Да не ти е некој познаник?“, или „Сигурна си дека тоа се случи?“ Прво, да, комплетно сум сигурна дека не ми е познаник, та и да ми беше никогаш немаше да си дозволам такво нешто, и второ, сум многу сигурна дека тој човек ја имаше ставено цела негова рака врз мојот интимен дел. Зошто тогаш би била во полициска станица? Зошто така ми се пристори на сон, па дојдов да си потрошам малку време?!

Како и да е, бев посмирена и советувана дека се’ ќе биде во ред. Рекоа дека ќе го најдат и дека ќе ми помогнат, иако ќе биде долг процес. И верувале или не, навистина беше. Откако го најдоа и открија кој е, требаше уште една цела година за да се разреши целиот случај. Не би сакала да навлегувам во судскиот процес, но накратко би изгледало вака: наоѓање на осомничениот – препознавање – дознавање идентитет на осомничениот – слушање на глупавото алиби на осомничениот (заспал во комбето, та раката магично му паднала во моето меѓуножје – некој нека го вработи типов како комичар ептем добри му се шегиве) – одење на суд по 100 пати преку една година бидејќи осомничениот или не доаѓаше, или го немаше, та локалната полиција „не можела“ да го најде – соочување со осомничениот кој се појави после 100 години со познат адвокат кој поставуваше безврска прашања само затоа што си може – гледање директно в очи на осомничениот и кажување дека засекогаш ќе биде скалила подолу од мене зашто е копиле од човек, кој претходно излажа на поставено прашање: „Дали знаете зошто сте тука?“ со одговор: „Не“ – заминување од судот со барање оштета – крај на макотрпен процес за кој ми беше кажано дека се’ е во ред, иако и ден-денес уште не знам дали осомничениот „си јаде“ некаква казна или бар омаловажување, зашто нели, ние сите сме само мали пиони во оваа цела игра.

Како што реков, не би сакала да навлегувам во судскиот процес, најважното ми беше да ви претставам една сцена, каде после толку време јас го надминав тој стрес и шок, имав храброст да го погледнам осомничениот во очи и да му кажам дека цел тој страв и збунетост, прераснаа во тага, па во револт и сила. Иако нему, (сигурно) се’ уште несвесен за тоа какво злодело направи, моите зборови не му значеа ништо, но за мене тоа беше се’ што ми требаше за да се ослободам од тежината на воздухот во комбето што преовладеа тој јунски ден. Иако тој можеби моето лице ќе го заборави, јас неговото не – ќе ми остане слика на едно неедуцирано, жално битие, кое ќе мора да си се сноси сам со тоа што е правилно, а што грешно во целата приказна, а таа приказна не е поврзана само со овој одвратен настан, туку е корелат со неговиот живот.

            Од ова непосакувано искуство (но, сепак искуство) би сакала да извлечам неколку главни работи и сфаќања коишто ми го редефинираја животот и кои ги применувам секојдневно до крајот на истиот. Најпрво, откако излегов од полициската станица бев етикетирана како „Жртва на сексуален напад“ од страна на надлежните. Таа етикета (иако, општо имам негативни ставови за етикетирањето и не го поддржувам) ја носам со гордост – најпрво затоа што на секому може да му се случи, а не многумина решаваат да се храбри и да преземат чекор. Јас тоа го направив и останав доследна на себеси и на своите морали и ставови. Поминав низ пекол со целиот процес, не само со тоа, туку и со сите емоции што ги чувствував тогаш, за на крај, за мене, за себеси, да се исплати. Во последниов период на Интернет, поради најразлични медиумски платформи (како Медуза, Tiiiit! Inc. Радио МОФ, Слободен печат и други) и храбри, бестрашни индивидуи кои ги споделуваа нивните приказни на социјалните мрежи преку тогашните хештегови како #немаоправдување, #зоштонепријавив, #СегаКажувам, #КадеНеОдам, #TaniTregoj, #KuNukShkoj и #metoo се мотивирав што побрзо да ја напишам оваа статија и да ја споделам со сите вас како еден вид поттик и охрабрување за доколку и вие имате вакво искуство да го споделите – без страв, зашто не сте сами, зашто не е срамота, зашто нема да ве зборува цел град, зашто никој не ви може ништо, кога знаете дека зад вас имате милиони други жртви кои ви ја даваат храброста и поддршката за да не се чувствувате како виновни. Никогаш, во ваква ситуација, не е ваша вина.  Кога ја споделив мојата приказна со многу мои другарки и колешки, истите ми се доверија дека и ним им се случило нешто слично, но биле премногу уплашени и неподготвени да кажат – ниту ни на своите најблиски, зашто им било срам од нивните реакции. Најчест изговор за тоа би било „Ти си крива“ – Како? Со тоа што дишам? Се додека разумно се однесувам, како јас би натерала некого сексуално да ме нападне? Или „Па види се како се облекуваш“ – извини, но од кога мојата гардероба дава согласност за некој да ме допре? Денот кога мене ми се случи тоа носев фармерки и обична, преголема маица, на лицето ми пишуваше „замор“ веднаш под огромните подочници и сепак тој мој никаков, а и доста „нормален“ изглед не го спречи „господинот“ до мене да ја стави неговата рака на мојот интимен дел. Исто така изразот „Машки си се машки“ – не, не се, емоциите и нагоните можат да се контролираат и најважно е домашното воспитување и начинот на кој се учи индивидуата како да го гледа светот и како треба да има смисла за респект, приватност, почитување и култура спрема другите луѓе. Исто така, и многу мажи се жртви на сексуално насилство и силување, и тоа треба да се земе предвид, дека може секому да му се случи. Затоа, таа мала поговорка дека машките си се машки и дека тоа е единственото оправдување, можете слободно да си ја земете, да си ја ставите во плико и да ја испратите во неповрат. Сексуалното насилство најчесто, покрај нагонот, е и доказ за покажување доминантност и неконтролирање на своето его и жед за моќ. Тоа не е нормално. Додека учиме за „погрешни“ морали и како треба една индивидуа „нормално“ да се однесува во општеството, зошто не учиме дека таквиот одност на сексуалните предатори не е во ред? Зошто треба да владее општ страв – знаете за кој страв зборувам, за оној кога си заминуваш доцна дома и поминуваш покрај толпа луѓе, или некој поминува до тебе, и наеднаш чувствуваш ладна пот на дланките – зошто треба да бидеме израснати со тој страв, кога можеме да ги учиме нашите деца што е респект и еднаквост. А, и до семејствата кои ги кријат нивните „предатори“ – вие сте тие коишто треба да се засрамат, а не жртвите на вашиот брат, маж или син.

            Претходниов месец прочитав многу приказни на силни и храбри жени (а, и мажи) кои не се плашеле да кажат што навистина се случува и дека сексуалното насилство е голем проблем во денешницата. Затоа и ја пишувам оваа статија, за секоја жена, за секој маж, индивидуа, која поминала низ нешто такво или поминува на работно место, на училиште, на улица итн., да не се плаши, веднаш да пријави или преземе нешто. Тој ден, да не бев јас на тоа проклето седиште во комбето, можеби ќе седнеше некоја средношколка, а токму тогаш ќе навлезевме во еден поголем проблем. Мојата приказна треба да се сфати сериозно, како и моето постоење во ова општество. Мојот став треба да биде слушнат, некои ќе го прифатат, некои не, но се’ додека сум успеала да мотивирам, инспирирам и да му помогнам некому, мојата мисија е повеќе од исполнета. Сексуалното насилство постои и ќе постои, а за да се спречи треба да му се дава поголемо значење, не само во еден ден од годината, туку цело време; не само со една приказна, туку со многу; и не само со една статија и еден глас, туку со гласот на илјадници жртви.

                                                                                    Дамјана Видическа

 

Објавените текстови и фотографии во рубриката АРГУМЕНТИ ЗА ... на „Публицитет.мк “ се лични ставови на авторите, а не се ставови на редакцијата.

„Публицитет.мк“ не сноси одговорност за изнесното во нив.

I WAS SEXUALLY ASSAULTED AND THIS IS WHY I WAS NOT AFRAID OF TELLING ABOUT IT

            Living in constant fear because of life’s unpredictability is one thing, however it is another when you know that that fear is a direct reflection of what is most often imposed on us by society and the way things happen in it. ‘Keep your mouth shut, don’t tell’, ‘Guys will be guys’, ‘It’s embarrassing, don’t be silly!’ and many other excuses are one of the most common reasons, besides fear, why victims of sexual assault do not report and do nothing.

            As you have already read by the title, I, myself, was a victim of sexual assault. Knowing myself and the way my parents brought me up, it is no taboo for me to talk and stand against delicate topics like this one. This article should not be understood as a self-pity method – simply, this is my own story, which I decided to share after one year. The reason is not just because I am able to and because I am not ashamed of it, but it is because of my awareness of how many victims of sexual assault are not able to do that. We live in the 21st century, yet ignorance and the faded "moral" values are still hampering our progress, and having our own opinion and voice, a desire for not giving up, an open-minded and educated point view is what can, not fully change the world, but it is one step further on the scale aiming towards change.

            About one year ago, when I was finishing up my junior year at university, the unexpected happened, well at least something which I would never have thought would happen to me. I was waiting for the bus that goes to Ohrid, since I was studying in Struga. I can recall that it was a rather sunny and hot day, beginning of June. There were two other foreigners at the bus station. Probably a couple from the Netherlands. They politely asked me when the bus would come and after I had told them, we waited for it in silence. When the bus finally arrived, it was pretty full, and since I have a monthly card, I hurried to get inside before the couple and find a place somewhere at the back because I knew that there would be more people in the bus soon. Fortunately (read: unfortunately) at the back of the bus, there was one free spot to sit, next to a man who was sitting on the window seat. After he noticed me, he got up and offered me his seat. I did not think anything of it and I thought it was totally normal, so I said thank you and sat down. After a while, other people were getting on the bus – high schoolers, grandparents, adults who are rushing to work, so the bus became more and more crowded. You could sense the heat in sticky air and the sweat that kept lurking from the windows. We all started to squeeze in, just like some sardines in a can, and so, the Struga-Ohrid relation had become a nerve-wracking experience for every passenger, who became relieved every time someone got off the bus. I was already used to this everyday commuting back and forth, so I had no problems at all. I had my headphones in my ears and the only thing I wanted was to get home and take a nap after the mid-term. Having my bag on my legs, my phone in my hand and the headphones in my ears, I was calmly looking out of the window, minding my own business, when suddenly I noticed something strange. I felt warmth and vibration in between my legs. The first thing that came to my mind – ‘Okay, maybe someone is calling me and my phone is in my bag’, but then I realized that I had my phone in my hand. The next thing that I did– instinctively, I got my bag and realized that the mister who was sitting next to me and so politely offered me his seat, found a way to get his hand under my bag, put his whole palm on my intimate part and finger my vagina.

*** A small break since I get really frustrated and

angry every time I retell this story, so basically

just like every other time when I tell this story ***

While being all in initial shock and disbelief, I immediately pushed his hand away from me and looked at him with rage.

‘The fuck are you doin’?’

‘Sorry.’

‘Wha- , sorry, are you insane?!’

Right after this short dialogue, he got up, made his way through the crowd so that he could get off the bus. Still not comprehending what was going on, I took out my phone, took a picture and a video of his back and threatened that I will go to the police. While I was yelling hysterically, only a few heads turned towards me, the rest did what they do best – living their life without any interest. Still in disbelief, because of what had happened and that no one even tried to help me nor ask me how I was, I got off at the next bus station, 20 minutes away from my home. I started going towards the center with haste and nervous steps and because of all the thoughts that were running through my mind at the moment, I started crying. Once I pulled myself together, still angry, as I was walking, I called my dad, who asked me to go to him at work immediately.

I met up with him, told him what had happened and I told him that I wanted to file a report at the police station right away. I had evidence, and my memory was pretty fresh. Just because of the fact that my memory was fresh, and to this day is, I would often find myself in a position where I would start crying uncontrollably, throw everything around me and curse that particular day. Today, I might not cry and curse, but I definitely feel anger and rage. Now some of you wonder why I didn’t follow him when he got out of the bus, or why I didn’t do anything, why I didn’t stop him, maybe even why I didn’t hit him when he was in front of me. The answer is simple: I couldn’t. In that moment you feel confused, totally miserable like you have reached rock bottom. You are not sure if that is truly happening to you and why it is happening and your thoughts are all over the place. You realize that you are helpless and that every next move that you make can have a negative impact on you. Naturally, I am a person who believes in justice, therefore such irregularities and sick behavior are unacceptable for me. But then – in that moment, I completely zoned out. My only option was to get out of the bus which had an abundance of weight in the air and was full of disinterested fellow citizens.

After we went to the police with my father, I knew that a long process was ahead of me. The inspector and the others were friendly to me and they kept telling me not to be ashamed and to tell them everything from scratch. After the other authorities got involved too, I was asked a lot of stupid (but probably procedurally-needed) questions like, ‘Are you sure you don't know him? Is he somebody you know?’, or ‘Are you sure it happened?’ Firstly, yes, I am completely sure that I do not know that man, and even if I did, I would never let something like that happen, and secondly, I am very sure that that man had put his whole hand on my intimate part. Why would I even be in a police station then? I did not make this up and came all the way here to waste time for nothing.

Nevertheless, I was calmer and advised that everything will be all right. They told me they would find him and they will help me, even though it would be a long process. And believe it or not, it really was. After they located him and found out who he was, they needed one whole year more in order to close the case. I would not like to get into the trial, but this is how it looked like in a nutshell: finding the suspect – suspect recognition – finding out the suspect’s identity – listening to the suspect's stupid alibi (he fell asleep in the bus and his hand magically got in between my legs – someone please give this comedian a award) – going to the court hundred times over a year because the suspect either did not show up or was not there, and the local police “could not” find him – confronting the suspect who decided to show up after so long with a famous lawyer, who asked stupid questions just because he could – looking directly into the suspect’s eyes and telling him that he will always be on level below me just because he is a bastard of a man, who previously even lied to the question: ‘Do you know why you are here?’, answering: ‘No’ – asking for legal damage after leaving court – end of a painful process for which I was told that everything would be all right, even though, even to this day I still do not know if the suspect got any sentence or at least some kind of a humiliation, because as we know, we are all just little pawns in this game.

As I have said, I would not like to get into the trial, the most important thing for me was to show you a scene, where after a long time I got to surpass the stress and shock, I got brave enough to look the suspect right in the eye and tell him that all that fear and confusion, grew into sadness, and then into revolt and power. Even though for him, who (surely) is still unaware of what bad thing he did, my words meant nothing, for me that was all that I needed in order to free myself from that weight in the air that was present in the bus that June day. Even though, he might have forgotten my face, I have not forgotten his – in my eyes, he will remain as this uneducated, pitiable human, who will have to carry on with what is right and what wrong in the whole story, and that story is not only connected with this despiteful event, but also is in a correlation with his life.

            From this unwanted experience (but still an experience), I would like to point out some important things and opinions which redefined my life and I will use them every day till I die. Firstly, I was labeled as “A victim of sexual assault” after I got out of the police station. That label (even though I have strong feelings against labeling and I do not support it) I wear with pride – first of all because it can happen to everyone, but not a lot of them decide to be brave enough and take the next step. I did that and I stayed true to myself and all my morals and opinions. I went through hell and back during the process, and not only that, but also all the emotions I felt at that period paid off at the end. This last few weeks, because of different media platforms (like Meduza, Tiiiit! Inc., Radio MOF, Sloboden pechat etc.) and because of brave, fearless individuals who shared their stories on social media through the hashtags like #немаоправдување, #зоштонепријавив, #СегаКажувам, #КадеНеОдам, #TaniTregoj #KuNukShkoj and #metoo, I got the motivation to write this article sooner and share it with you in order to encourage you to share your story if you have experienced something like this – without fear, because you are not alone, because it is not embarrassing, because no one will gossip about it, because no one can stop you, when you know that millions of other victims got your back and encourage you not to feel guilty. It is never your fault in such a situation. When I shared my story with a lot of my girl friends and colleagues, they also opened up to me and told me that they had also experienced something similar, but they were just too scared and not ready to tell anyone – not even to their closest, because they were embarrassed of how they would have reacted. The most common excuse for it, is: ‘It’s your fault’ – How is it my fault? With just breathing? If I behave rationally, how can I make someone assault me sexually? Or ‘Well, look at how you are dressed’ – excuse me, but since when do the clothes I wear give any consent for someone to touch me? The day when this happened to me, was the day when I was wearing jeans and a plain, oversized t-shirt, my face was covered in tiredness with big dark circles under my eyes, yet that unpolished, “normal” look did not stop that mister from putting his hand on my intimate part. Also, the saying ‘Guys will be guys’ – no, they are not, emotions and urges can be controlled and the most crucial part here is how you are brought up at home and the way that the individual is being taught to look at the world and how he/she should have common sense for respect and privacy, be thoughtful and civilized towards other people. Moreover, a lot of men are also victims of sexual assault and rape, and that should be taken into consideration, it could happen to literally anyone. That is why, you can take that saying and excuse of yours that guys will be guys, put it in an envelope and send it to Neverland. Usually, sexual violence, besides the urge, is proof for showing dominance and the uncontrollable need for one’s ego and thirst for power. That is not normal. While we learn about “false” morals and how one individual should behave “normally” in society, why don’t we learn about how the behavior of sexual predators is not okay? Why should there be this general fear – you know the type of fear I am talking about, that fear that you feel when you are going home late at night and you walk by a crowd of strangers, or someone walks pass you, and suddenly you feel this cold sweat on your palms – why should we be brought up with that fear, when we can teach our children what respect and equality are. Oh, and to the families that hide their own predators – you are the ones who should be ashamed, and not your brother, husband or son’s victims.

            This last month, I read a lot of stories by strong and brave women (and men, as well) who were not afraid to say what truly is happening and that sexual assault is an enormous problem nowadays. That is also why I am writing this article, for every woman, every man, individual, who went through or is going through something like that at work, at school, on the street etc. and not to be afraid, to call the police or just do anything about it. That day, when it happened to me, if it were not me on that damned bus seat, maybe a high school girl would have taken it, and that is where we dive into an even bigger problem. My story should be taken seriously, just like my existence in this society. My voice should be heard, some will accept it, some not, but when I know that I succeeded in motivating, inspiring and helping someone, my mission is more than completed. Sexual assault exists and will exist, and to stop it, we should give it more attention, not only once a year, but the whole time; not only with one story, but with many more; and not only with one article and one voice, but with the voice of many victims.

                       

                                                                                    Damjana Vidicheska

Објавените текстови и фотографии во рубриката АРГУМЕНТИ ЗА ... на „Публицитет.мк “ се лични ставови на авторите, а не се ставови на редакцијата.

„Публицитет.мк“ не сноси одговорност за изнесното во нив.

Прочитано 3431 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter