Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ: Потреба од добар човек

13 Мај 2023

Да си човек меѓу луѓето, што извира од самата природа, го истакнувал во своите дела Платон (427 – 347 год. пр. н. е.). Не постои филозоф, кој се сметал себеси за таков, или мислител во историјата, кој би се сомневал во оваа потреба. И покрај тоа, со падот на класичниот свет, оваа очигледна потреба стана условена од силни теолошки, политички и општествени или едноставно економски струи.

Од духовната масовност низ вековите, произлезе модерното производство на подвижни линии. Но, најлошото е што човечкото суштество е запоставено за да се даде приоритет на човечката заедница. Производите на подвижната лента се оценуваат според тоа од каде доаѓаат, односно со оглед на тоа кој систем ги создал. Тој заеднички именител е причината поради која зборуваме за христијани, евреи, муслимани, атеисти, белци, црнци, богати, сиромашни, образовани и неуки. Индивидуалниот човек губи важност, до тој степен што е несфатливо некој да не е вклучен и активен во некоја моментално популарна партија или група.

И покрај тоа што скоро сите народи во светот плачат за демократија и право на глас, кога треба да излезат на гласачка кутија, половина од нив одбиваат да го сторат тоа, а таму каде што гласањето е задолжително, оставаат празно ливче или намерно ги бојкотуват листите што ги креирал системот. Истото се случува и во религиите. Според пописот, на пример, Италија е католичка земја, но во реалноста црквите се полни со љубопитни туристи, манастирите се празни, претворени во нерелигиозни места за состаноци. Очигледно, она што традиционално се сметало за „свето“ е далеку од тоа.

Решението за овој проблем доаѓа од едноставното разбирање дека она што навистина е важно не се системите, туку луѓето кои ги сочинуваат и дека нивниот морален квалитет е фундаментален. Не е важно дали една земја ја водат „десницата“ или „левицата“, дали системот на владеење е претседателски или монархиски. Она што е важно е дали личноста, односно дали луѓето одговорни за управување со државата се добри, чесни, праведни и ефективни. Дури и лошите системи, ако се направени од добри луѓе, на луѓето им носат среќа, богатство, просперитет и мир. Најдобриот систем, ако го владеат луѓе со слаб морал, ќе биде тортура за оние со кои владеат.

002 copy

Ако се вратиме на Платон, добриот чевлар има должност да прави чевли за сите, добриот кројач облека за сите итн. Оној кој владее со себе, оној кој владее со своите страсти и ги доведува во ред своите идеи со силата на својата волја, најсоодветен е тоа што е најдобро во него да го посвети на сите членови на заедницата. Ако успееме да ги афирмираме овие добри луѓе и да им ги дадеме потребните културни инструменти, тие ќе можат да усвојат каква било форма на владеење, затоа што секоја форма на владеење во нивни раце ќе биде ефективна. Ако добар човек е на чело на религијата, каква и да е таа, тој ќе го разбуди присуството на Бога кај своите верници, бидејќи тие ќе го видат како одразен и возможен во него. Ако добриот човек се посвети на уметноста, науката или која било друга дејност, на секого ќе му биде јасно, просветлен со неговата сопствена добрина и нема да биде важно кој пат ќе го избере, бидејќи со својата добрина секогаш ќе го избира најдобриот.

Човештвото не е издигнато до човечнос, затоа среќата треба да се најде во работата за иднината. Навистина ние ништо не започнуваме и ништо не завршуваме, ние само продолжуваме и очекуваме. Неопходно е да се напомене дека преминот од 20 во 21 век не беше доволен за да престанат расизмите, прогоните, незаконското богатење, геноцидите, неопходно е да се промениме „од внатре“, езотерично, за контаминираната машинерија на системот да им отстапи место на добрите луѓе.

Неопходно е да се откријат добрите луѓе, да се истакнат и да им помогнеме.

За еден човек, нема поголем непријател од друг човек, ако е тој лош, ниту подобар пријател и поголема помош ако е тој добар.

 003 copy copy copy

Пишува
Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ од Охрид

Прочитано 539 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter