Лазаревска од СДСМ: Трпение и до Петровден влезот од Подмоље до Охрид може да биде готов

13 Јуни 2023

На Охрид му треба современ булеварски влез и поврзување со Подмоље, НО НАЈВАЖНО Е ДА БИДЕ БЕЗБЕДЕН за сообраќајот.

Ако сакаме тоа да се направи така мора да имаме малку трпение и да дозволиме изведувачите на тоа поврзување да го прават НЕПРЕЧЕНО, СТРУЧНО , КВАЛИТЕТНО но и БРЗО како би можело за Петровден, односно отворањето на Охридско лето кога и официјално започнува туристичката сезона истиот тој да биде ПУШТЕН во УПОТРЕБА.

Да не дозволиме да се случи како ланската сезона кога во шпиц на туристичката сезона Центарот на Охрид, улицата Македонски Просветители беше целисно раскопана, недовршена и во прашина.
Што се однесува до алтернативното пренасочување на сообраќајот од Подмоље до Охрид по стариот пат ⁉️
Патот е во добра кондиција, реконструиран пред неколку години со пари на ЈПДП односно државата и овозможува непреченост и безбедност во сообраќајот. Дали од Подмоље до Охрид ќе се вози 5 или 10 минути повеќе важно е да биде безбедно и по пристоен пат на кој асфалтот е нов и нема никакви оштетувања.
ВАЖЕН МОМЕНТ❗️❗️❗️
Пред 2 години исто така беше направен современ влез од другата страна , на влезот од Лескоец за Охрид на улицата 15 Корпус со средства на централната власт и општина тогаш предводена од градоначалникот од СДСМ.
Влезовите во Охрид МОРА да бидат онака како што доликува за еден важен туристички центар, бисер на Балканот.
Владата предводена од СДСМ била и ќе биде НАЈГОЛЕМИОТ финансиер за развој на општина Охрид ❗️

Жаклина Лазаревска , пратеник од СДСМ 

Публицитет.мк 

Прочитано 452 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter