Д-р Љубица Миќуновиќ - Деребанова промовирана во доктор на медицински науки

11 Декември 2023

Свечено прогласување за доктор на науки кандидат што ги исполнил условите и одбранил докторска дисертација.

Во Ректоратот на Универзитетот во Скопје, на 11. XII 2023 година, ректорот проф. д-р Билјана Ангелова свечено ја промовира во доктор на медицински науки д-р Љубица Миќуновиќ Деребанова од Охрид. Ова академско звање се добива како резултат на направени истражувања во медицинската научна област.

Темата за докторска дисертација е работена под менторство на проф. д-р Андријан Карталов.

Деканот на Медицинскиот факултет проф. д-р Светозар Антовиќ даде Извештај за кандидатот кој се промовира во доктор на науки и од името на членовите на Комисијата

за оценка и одбрана и од негово име, го замоли почитуваниот ректор да го промовира кандидатот д-р Љубица Миќуновиќ Деребанова за доктор на медицински науки.

Ректорот проф. д-р Билјана Ангелова свечено ја прогласи д-р Љубица Миќуновиќ Деребанова во доктор на медицински науки.

 002 2 copy copy

Д-р Љубица Миќуновиќ Деребанова е вработена на Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија, интензивно лекување и ургентен центар во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ – Скопје, како анестезиолог со супспецијалност Педијатриска анестезиологија.

Децата носат светлина во нашиот живот. Гордос на семејството Миќуновиќ се децата, синот Миќун доктор специјалист неврохирург кој ги заврши докторските студии и работи на оригинални истражувања во областа на неврохирургијата и резултатите ги подготвува за одбрана на докторска дисертација и ќерката Љубица која сега се промовира во доктор на медицински науки. Фамилијата Миќуновиќ се збогати и со човек кој има добра душа зетот м-р Никола и со најубавата и најдобра снаа д-р Емилија. Голема гордост ни се и нивните деца, односно четирите внуци Андреј, Софија, Наталија и Михаела кои преку нас ѕиркаат во минатото, ние преку нив ја гледаме иднината и заедно уживаме во сегашноста.  Гордост е и главниот кординатор во семејството сопруга, мајка и баба Јелица Миќуновиќ и сите секогаш да бидат најдобри меѓу другите, да не го срамат родот на татковците.

 

003 1            004 copy

Децата се огледало на родителите, како ќе ги воспиташ, такви ќе ги имаш. Велат: СИ УСПЕАЛ АКО ДЕЦАТА ТИ УСПЕАЛЕ.

003 copy copy copy

 

Пишува: Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ од Охрид

Публицитет.мк 

Прочитано 445 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter