al palpojo 2020

Вики клуб Охрид, и овој февруари се приклучи кон кампањата за запознавање на ретките болести.

27 Февруари 2021

   Вики Клуб Охрид во поддршка на ретките болести во месецот посветен за нив

    Во 2019 година се оствари соработка со Гордана Лолеска, граѓански активист во движењето за Ретки болести во Македонија и член во здружението Живот со предизвици во Македонија, со која членовите на Вики Клуб Охрид беа запознаени со тоа што значи ретка болест, со какви предизвици се соочуваат и колку се застапени во Македонија. По кратко истражување дојдовме до заклучок дека на Википедија на македонски јазик овие болести се застапени во мал број, па решивме ние како клуб да ја надополниме Википедија на македонски јазик со статии за овие болести. Во 2019 година надополнавме и уредивме дваесеттина статии за дијагнозите за ретки болести, а во 2020 година во месец февруари секојдневно се објавуваа статии за по една дијагноза за ретка болест.

     За веќе стореното, станавме партнери и пријатели на Светската организација на ретки болести, од каде што го поздравуваат нашиот волонтерски ангажман за ретките болести.

https://www.rarediseaseday.org/friend/2103?fbclid=IwAR2FOnxW2H1tFbNKpiWrUsirnnsh-Yq03bTVc9RVN5urykuwvGJiF8KzkgE

Но, активностите на Вики клуб Охрид, поврзани со пишувањето статии за ретките болести се најдоја и во јануарското издание 2020 година на месечниот весник за едукација на Википедија.

https://outreach.wikimedia.org/wiki/Education/News/January_2020/Wiki_Club_Ohrid_grows?fbclid=IwAR2FRQP0uUcwa0cIQV1p39uzdoWLc8uwVXiSWdTrEJoQHb9OvNjys6kr8RA

     Овој месец им го посветуваме ним, на РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ,  односно, како што тече кампањата, секој ден во месец февруари (и оваа 2021 година) на медиумите да биде одбележан со по една ретка болест, така ние, членовите на Вики клуб Охрид  уредувавме по една статија на ден, истата која одеше на медиумите,  на Википедија на мекедонски јазик, со што го дадовме својот придонес кон оваа кампања. 

     Вики клуб Охрид функционира со ученици од 13 до 18 години и сите заинтересирани се добредојдени да партиципираат на енциклопедијата  Википедија на македонски јазик, под раководство на Наташа Неданоска, координатор за образование на ГЛАМ Македонија во Охрид.

Публицитет.мк 

Прочитано 4687 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter