al palpojo 2020

Денес им е роденден: Свето Тоевски

05 Мај 2023

Свето Тоевски од Тетово, самостоен научен истражувач и политиколог - лингвист, како и независен новинар - социополитички и економски аналитичар и колумнист.

На 5-ти мај 2023 завршувам едно долго поглавје од својот живот – завршува мојот активен работен век, но тоа не значи дека ги затворам и „тефтерите“! Но, и по  пензионирањето ја продолжувам новинарската кариера, која трае 45 години, но и самостојните истражувачки активности во лингвистиката и политичките науки, иако второво со нешто понамален ритам... Јас се раководам од принципот: „Истражувам – размислувам – пишувам – објавувам, значи, постојам!

Денешниот ден 5 мај ми е значаен, бидејќи е поврзан и со мојот мајчин македонски јазик, со нашата „идеалната татковина, заправо, единствената наша комплетна татковина“, како што кажа генијалниот Блаже Конески: затоа што тоа е и тоа датумот кога пред 78 години, поточно на 5 мај 1945 година, со Решението на Народната влада на Федерална Македонија беше усвоена азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо. По два месеци Министерството за просвета го озакони и првиот правопис, со што беше кодификуван нашиот македонски јазик.

Но, не сметам дека овoj датум требаше да биде и прогласен и како Ден на македонскиот јазик, без оглед на немерливата историска важност на споменатото решение! Со несомнена почит кон овој битен датум од нашата јазична историја, мислам дека, сепак, 25 декември треба да биде прогласен како Ден на македонскиот јазик, затоа што на 25 декември 1903 година била отпечатена капиталната македонистичка студија на Крсте Мисирков „За македонцките работи! Токму со неа се поставија темелите на кодификацијата на македонскиот јазик!

Македонскиот јазик се издигна на рамништето на современ јазик благодарејќи на ова монументално дело на Мисирков, еден од основоположниците на современиот македонизам. Со ова што го изнесов поправо веќе објавив во „Публицитет“ дел од мојата анализа, која допрва планирам да ја објавам утре...

Среќни, живи, здрави и весели да се сите, на кои нешто им значи овој 5 мај 2023-та!

Прочитано 855 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter