Денес им е роденден: Валентина Базерко
Валентина Базерко, новинар за надворешна политика во Македонско Радио - Радио Скопје.
Секој роденден е повод да се потсетиме на важните нешта во нашите животи, на нашите соништа и желби. На денот кога Сонцето најдолго ја грее Земјата и кога најдолго е ден, а најмалку ноќ, можеби и секоја наша желба може да се исполни. Среќа е да се прослави уште еден роденден со уште еден исполнет сон, со уште една исполнета желба. Некогаш и нашите најмали, навидум неважни и скромни желби можат да ни донесат многу радости.
Не заборавајте да сонувате, да сакате и да се радувате -тоа е веројатно се што е важно!
Благодарам на Публицитет што ми го направи роденденот поубав и оваа година и што преку оваа рубрика ни овозможува да ја споделиме радоста и убавите желби за нашите родендени.
Публицитет.мк