al palpojo 2020

Сузана Наумоска - „Изида Спа“, во Белград прогласена за „Нај жена на 21 век“

03 Декември 2017

Синоќа во Белград во хотелот „Златник“ се одржа 17 -от традиционален избор на „Нај жена на 21 век“.

Меѓу добитничките  на оваа ласкава награда годинава е и Сузана Наумоска од Охрид сопственичка на салонот за убавина „Изида Спа“

Целта на регионалната награда „Нај жена“ е да се афирмираат успешните жени претприемачи и да стане видлив нивниот придонес во економскиот развој во Србија.

Сузана Наумоска  со неа ја носи сета убавина на синото Езеро и легендата за Билјана и изворите преточени низ песна и за божицата Изида одамна пронајдена во Охрид како симбол на убавината, чие име близу две и пол децении го носи нејзиниот козметички и спа центар кој е бренд на градот и регионот.

Прва и еднаква со обврските во салонот за убавина заедно со вработените. Сузана е претседателка на регионалниот кластер за развој на туризмот.

24174505 1533947523339252 6238159195669460512 n

Претседателка е на Лајонс клубот „Десарети“ преку кој го развива и духот на поттикнување  за фирмите да ја зголемат својата општествена одговорност,да ги помагаат најранливите категории  граѓани и сите оние на кои помошта им е неопходна. 

Таа е едукатор во дуалното образование во насоката за козметика во едно од  средните училишта во Охрид.

Цели 22 години е едукатор и мотиватор за преструктурирање на кадри во охридскиот Работнички универзитет.  

Сузана - Жената со цврста рака и свилена ракавица обучила на 1500 девојки и жени. Околу 300 од нив низ Македонија а и низ светот го шират наученото од неа.  Најдобрите 50 поминале или се’ уште се дел од приказната наречена СПА ИЗИДА. 

Сузна е сопруга и мајка на две ќерки.  Едната веќе дипломиран правник во областа на меѓународното право,а другата оди по нејзините стапки. Таа е дипломиран физиотерапевт и сигурно ќе го продолжи семејниот бизнис.

Сузе Изида, како што најмногу ја знаат во  Охрид  низа години ги следи најновите трендови и откритија од нејзината област во Љубљана, Белград, Париз, Ница, Болоња. Така  се стекна со над триесет лиценци за работа и мајсторска диплома од "Занаетчиска комора", под покровителство на комората Кобленц.

24131459 10213535855244081 1385351091049908853 n

Сузана лани беше дел Коучин програмата како слушател и тренер. Нешто кое  и помогна да одлучи што и’ треба и како да ја оствари визијата за сопствениот  бизнис?

Тоа резултираше со зголемена побарувачка за нејзините услуги и склучени договори со нови клиенти. Но подоцна таа успеа да убеди околу 40 фирми да одлучат на сличен начин да го развиваат бизнисот.

Сузана имаше храброст во далечната 1994 година да го напушти стабилното работно место во јавното здравство и да влезе во развој на сопствен бизнис.

Таа е дипломиран менаџер, лаборант, козметичар, естетичар. Компанијата започнува да работи со еден вработен и на изнајмен простор од 20 метри квадратни со капацитет на работење од еден клиент на час, а се нудеа околу десеттина козметички услуги. Првичниот мал козметички салон, прераснува во мини СПА центар со најсовремена ИПЛ и ИРФ (ласерска и радиофреквентна технологија) и стручен тим на вработени, физиотерапевтки, козметичарки  и естетичарки, со палета од над сто понудени услуги и капацитет од 10 - 15 клиенти на час.

Во последната деценија козметикологијата прераснува во барана професија, а козметиката станува дел од современото живеење и севкупната туристичка понуда во регионот.

Трката по задоволни корисници на нивните услуги значи и тимот да биде задоволен. СПА ИЗИДА е исклучиво женска фирма во која во никој случај жените не се дискриминирани. Напротив тие се на пиедесталот.

Изида е водена и мотивирана од девизата: "Човекот постигнува толкав успех, колку што очекува од самиот себе".

И кога е најуморна, на нејзиното лице царува насмевката. Таква е таа, блиска, едноставна со сите.

И годинава наградата беше доделена  во 25 категории  и ја добиваат најуспешните жени од областа на: бизнисот, модата, електронските и печатени медиуми, медицината, уметноста, индустријата политиката козметиката , туризмот, угостителството, образованието...

Агенцијата  „Аирли Ниво“ е единствената која е официјален организатор  на изборот за најуспешни, најпризнати и најпочитувани жени на кои им припаѓа наградата – епитетот НАЈЖЕНА НА 21 ВЕК.  

Манифестацијата  „Најжена на 21  век“ е една од најпрестижните избори од овој вид во овој дел од Европа.

Публицитет.мк

Прочитано 10459 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter