Филмољубие
Од 7 до 21 септември во Музејот на модерна уметност (МОМА) во Њујорк ќе се одржи ретроспектива на југословенскиот филмски црн бран насловена како „Од црн бран до бел зрак“. Селекцијата на репрезентативни филмови ја подготвија Мина Радовиќ, млад филмски критичар, кустос и архивист, како надворешен соработник, и Дејвид Кер, куратор во Одделението за филм во МОМА, а во соработка со кинотеките од регионов – Југословенската, Босанската, Македонската и Хрватската, како и со Словенечкиот филмски центар (https://www.moma.org/calendar/film/5607).
Како да препознаете тажен човек? Или среќен? Некои од можните одговори ќе можете да ги проверите во февруарската кинотечна програма.
Почнувајќи од 12 јануари (четврток), со по три филмски проекции дневно во попладневните и вечерните часови, Кинотеката и оваа година останува верна на традиционалното КИНО УТРО.
Од 1 декември (четврток) до 11 декември (недела) – Кинотеката, во соработка со Амбасадата на Чешката Република – организира голема рертоспектива на легендарниот чешки режисер и глумец Јиржи Менцл (Jiří Menzel). Оваа ретроспектива ќе биде отворена со филмот СТРОГО КОНТРОЛИРАНИ ВОЗОВИ (Ostře sledované vlaky / Closely Observed Trains), дебитантски долгометражен игран филм на Менцл (1938-2020), со кој освои „Оскар“ за најдобар странски филм во 1967 година.
Деновиве во Битола беа доделени наградите на Фестивалот на аматерски документарен филм „Камера 300“. Томе Љушев – Шпанец се закити со висока награда на фестивалот. За документарецот „Трпејца“ копродукција на неговата „Шпанец продукција “ и Здружението „За Трпејца со љубов“ ја доби меѓународната плакета на УНИКА.
Синоќа во Битола беа доделени наградите на Фестивалот на аматерски документарен филм „Камера 300“.
Томе Љушев – Шпанец од Охрид за документарниот филм „Аманет“ на 51 фестивал на непрофесионален филм, што се одржа деновиве во Валандово во организација на Кино сојузот на Македонија и Народна техника освои две златни и една сребрена плакета.
Премиера на новиот македонски филм „Снежана на крајот умира“ на режисерот Кристијан Ристески на кино репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид во деновите 7-ми (петок) и 8-ми (сабота) октомври 2022 година со почеток во 20.00 часот, цена на билет 150 денари.