al palpojo 2020

„Го сакам Охрид, ама го љубим и Тетоо“ самостојна изложба на охридскиот сликар Ѓоко Симјаноски

26 Мај 2023

Вечерва – петок од 19 часот во Домот на АРМ / Музеј на тетовскиот крај ќе биде отворена самостојната ликовна изложба на охридскиот уметник Ѓоко Симјаноски со наслов:  „Го сакам Охрид…ама го љубим и Тетоо“.

 Се работи за  целина од 45 охридски и тетовски мотиви, во сув пастел. Уметникот низ своја призма ни ги задава убавините на Тетово и Охрид, градовите кои го обележуваат неговиот живот, понудувајќи една поинаква димензија на автентичното архитектонско наследство и природата околу која гравитираат некои импозантни зданија, од кои дел и веќе непостојат.

Симјаноски во јавноста е  познат како водител на неколку култни серијали на Радио Охрид: Кино око, Одберете мелодија за вас, Охридска викенд разгледница, Музички слалом, Неделен магазин, Тоа беа времиња и ред други проекти кои над 32 години како надворешен соработник ги уредуваше и водеше во овој медиум, кој за жал повеќе не постои.

Од 1996 година до 2018 година, уредник и водител е на емисијата за филм „Филмско око“, во траење од 22 сезони со вкупно 878 емисии на ТВМ . Има изработено голем број на емисии и документарни прилози и филмови, меѓу кои и  90 емисии на „Кино бавча“, како и филмовите „Охридското кино Парадизо“, „Песната како повод за разговор“ (1 и 2), „Охридските брилијанти“, „Живот како виножито“ и др.

Симјаноски соработуваше и со нашиот веб портал Публицитет а неговите текстови и фотографии се дел од нашата архива. 

Во 1997 година ја имал првата самостојна изложба во Охрид, под наслов: „Охрид, Охрид, Охрид убав мил“, а истата година во Кичево изложбата била поставена како изложба на  „Охридски мотиви“. Овој февруари во Охрид имаше нова самостојна изложба на портрети „Беше еднаш Холивуд“, претставувајќи ги златните години и омилените актери од Холивуд.

Симјаноски има  учествувано на голем број ликовни колонии и групни изложби, а од самиот старт е дел од Меѓународната ликовна колонија во Трпејца која годинава ќе се одржи по шести пат во септември.  Член е на фото – клуб „Охрид“ веќе 10 години, со учество на сите годишни изложби.

Ѓоко Симјаноски роден е во Скопје во 1947 година, а основното образование го стекнал во Охрид, Тетово, с. Вруток и Гостивар. Средно техничко училиште, електро насока, завршил во Скопје. Високата техничка школа, електро насока, ја завршил во Битола.

Како електро инжинер работел во ЕМО Охрид од 1971 до 1978 година а продолжил во Завод за урбанизам и архитектура до пензионирањето во 2011 година.

Публицитет.мк

Прочитано 208 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter