al palpojo 2020

Aкадемик Грозданов: Дичо Зограф работел за Прличев и Робевци

24 Јули 2015

 

Во рамките на „Научно и уметничката визита 2015“ МАНУ во Куќата на Уранија во Охрид, утре – сабота, 25 јули од 20 часот ќе ја промовира книгата „Иконите на Дичо Зограф од црквите во Дебар и Мала Река“ од авторот д-р Сашо Цветкоски.

 

Во аудио-интервјуто за „Публицитет.мк“ промоторот на книгата, академик Цветан Грозданов  ја открива врската помеѓу Дичо Зограф и преродбеникот и поет Григор Прличев и семејството Робевци.

За Прличев работел семејна икона,а за Робевци низа декоративни елементи за родната куќа, која денес е официјален Народен музеј на Охрид.

- Дичо Зограф е роден во селото Тресонче кај Дебар и науката го смета за преродбеник и најголем црковен сликар на Балканот во 19 век, кој зад себе оставил над 3000 дела, вели Грозданов.

sasho

Според Грозданов, Охрид и натаму останува најголемата ризница на македонската култура и уметност и неговите погледи одамна се свртени кон одбележувањето на 1100 годишнината од смртта на Свети Климент која треба да се одбележи идната година.

Како автор, неговото внимание е насочено кон уште едно дело посветено на црквата „Света Богородица Перивлепта“ , наскоро го очекува и третото издание на монографијата за Курбиново.

Од своите млади наследници, во истражувачкиот центар на МАНУ академик Грозданов бара постојано  да се на терен и од изворот да ги „пијат“ најновите сознанија и факти. 

Со клик на линкот подолу - слушнете го интервјуто со академик Грозданов во целост 

Публицитет.мк/ Милчо Јованоски 

Прочитано 1613 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter