al palpojo 2020

„Мојот живот, мојот свет“: Драган Мијалковски (1) дел

08 Ноември 2021

Трет гостин во култниот аудио серијал „Мојот живот, мојот свет“ е легендата на македонската забавна музика Драган Мијалковски.

Разговорот е снимен на 31 август во „Аквариус“ и денес ви предлагаме да го слушнете првиот дел. За оние помладите еве уште куп податоци за да осознаат за каков изведувач се работи.

Со клик на линкот подолу слушнете го интервјуто во целост: 

 

254357233 1279768312445750 3875283936987220517 n

Драган Мијалковски некогаш  жареше и палеше по македонските и тогашните југословенски фестивали на забавни мелодии. Без него  не се можеше. Победуваше најмногу во  Скопје, но се китеше со награди и популарност и  преку настапите во Белград, Загреб,  Сараево, Сплит и Опатија...

 Dragan Mijalkovski Gotovo Je

Зад него се илјадници концерти долги турнеи и настапи на фестивали и многу песни кои слушателите и денес ги обожуваат, пеат и сакаат одново да ги слушнат.

Dragan Mijalkovski

Неговото златно време на естрадата беше помеѓу 70 и 80 години од минатиот век.

Драган Мијалковски роден е 1950 година и зад себе има долга кариера од над педесет години. Почна со забавната , се сврте кон народната а компонира и детски песни.

Dragan Mijalkovski Fortuna

Нашите повозрасни слушатели сигурно ќе се израдуваат кога ќе го слушант нивниот омилен пејач а помладите ќе се запознаат со еден естраден уметник кој и на почетокот на осмата деценија не се предава и со сета душа зборува за музиката и тој во неа.  

dragan na valandovo 2019

За тие негови времиња, за почетоците и детството за кое малку јавноста знае,  за растењето во Скопје, првиот настап во живо, првата снимка, омилените песни и како настанале дел од нив и за тоа  како ги минува пензионерските денови (од пролет до доцна есен) во Подмоље во кои вели дека има премногу време за компонирање и неговата љубов музиката , со Драган Мијалковски разговараше  Милчо Јованоски.

Публицитет.мк 

Прочитано 1394 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter