Наскоро нова сезона од култниот серијал „Мојот живот, мојот свет“
04 Декември 2022
Од понеделник 12 декември по 20 часот на вашиот омилен портал Публицитет.мк очекувајте го првото издание од новата сезона од аудио серијалот „Мојот живот, мојот свет“.
Прв наш гостин ќе биде актерот и режисер Коле Ангелоски. Интервјуто е снимено два дена пред премиерата на претставата "Секс, лаги и љубомора", текст на Марк Камолети на „Охридско лето“.
Претстава за која есенва се бараше билет плус во Охридскиот театар. Автор и водител: Милчо Јованоски.
Публицитет.мк