„Мојот живот, мојот свет“: Коле Ангеловски актер и режисер
Коле Ангеловски – актер и режисер. Роден е во Скопје во 1943 година . Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград.
Првата улога во легендарниот филм „Саша“ му ја донесе и дебитантската награда во Пула која му ја отворила и вратата за филмските улоги кои се нижеа. За филмот „Да се дојде и да се остане“ во 1965 година ја добива Сребрената арена на фестивалот во Пула.
Забележителни улоги имал и во филмските југословенски спектакли „Битката на Неретва“ , Сутејска и во речиси сите македонски играни филмови од шесетите и седумдесеттите години од минатиот век. Во 1969 година игра споредна улога во филмот „Време без војна”. Во 1971 година игра главна улога во филмовите „Жед” и „Македонски дел од пеколот”. Во 1973 година тој е режисер и сценарист во филмот „Татко (Колнати сме, Ирина)”. Во 1979 година тој го режира филмот „Додека водата тивко шумоли”. Игра главни улоги во филмовите: „Оловна бригада” (1980), „Црвениот коњ” (1981), „Јужна патека” (1982), „Нели ти реков” (1984). Во 1988 година тој е режисер на филмот „Викенд на мртовци”.„ До победата и по неа” и “Македонски дел од пеколот”, „Македонска крвава свадба“...
Со клик на линкот подлу слушнете го интервјуто во целост
За својот режисерски првенец филмот„Колнати сме Ирина"во 1973 година добива награда на Фестивалот во Пула. Филмската комедија која е производ на театарската режија на истоимената претстава во неговиот матичен Драмски театар во Скопје, „Викенд на мртовци" од 1988 е прогласен за најгледан македонски филм на сите времиња.
Животниот и творечки опус на Коле Ангеловски е разновиден, динамичен и многу плоден. Ангеловски е режисер на повеќе драми, серии, документарци и филмови за македонските театарски куќи, телевизиски станици од кои најмногу за МРТВ. Тој е уште познат и како писател, драматург, публицист и културен работник. За својот сестран творечки опус на полето на културното живеење во Македонија, добитник е на многубројни награди меѓу кои и Наградата за Животно дело “11 Октомври”.
Минатата година тој одбележа 60 години творештво. Ова лето два дена пред премиерата на „Секс, лаги и љубомора"на Охридско лето со народниот театар од Охрид , текст на Марк Камолети а во негова режија разговаравме цел час за него, неговата кариера и низата анегдоти.
Слушнете каква е неговата врска со Зафир Хаџиманов , Љупка Димитровска, Јул Бринер, Ричард Бартон, Орсон Велс и ред други филмски актери.
Ни раскажа как Тито и Јованка помогнале неговиот филм и покрај забраната да се прикажува во Пула.
Во интервјуто со Милчо Јованоски – Никола Коле Ангеловски зборува за студентските денови и дружбите со Јелисавета Сека Сабљиќ, Драган Николиќ и ред други актери.
Публицитет.мк