„Мојот живот, мојот свет“: Миле Миќуновиќ
Со д-р Миќуновиќ не е тешко да се најде тема за разговор, но ова е едно од ретките интервјуа ако не и единственото во аудио форма што досега го дал за некој медиум, а поврзано со неговиот живот и творештво.
По повод 90 книга „Масонски мистерии“ која излезе од печат неодамна Публицитет.мк овој петок во рубриката „Мојот живот, мојот свет“објавува аудио интервју со д-р Миле Миќуновиќ во кое тој отворено зборува за себе, своите пориви, професијата, пишувањето на научни и популарни книги , зошто неговиот докторски кабинет изгледа како да сте во библиотека, како се раѓаат афоризмите, анегдоти од лекарската практика, за урологијата и сексологијата , за тоа колку во 21 век паѓа или не сексот како табу тема ...
Со клик на линкот слушнете го интервјуто во целост. Со проф. д-р Миле Миќуновиќ разговара Милчо Јованоски:
Но интервјуто содржи и една животна вистина за тоа како настанала книгата посветена на св. Јован Владимир и како тој неочекувано бил одбран да истражува за него.
На наше прашање – потврдно одговори дека е масон и ни објасна што всушност значи масонството.Како го одбрале да биде дел од тој ред и што значи да си масон?
Првите три фотографии се од промоцијата на една од книгите во х. Континетал во Скопје во 2015 г. Промотори: д-р Никола Жежов и м-р Милан Темелокоски
Зборувавме и за тоа како постигнува се’- велејќи ни дека најважен од се’ е редот и дека се има време буквално за се ако човек го сака тоа. Призна дека не од оние кои со часови пијат кафе или шета по ходниците на болницата за да озборува , времето како што ни рече го кроисти да пишува исто се однесувам и дома, ни рече.
Д-р Миќуновиќ е горд на своите деца, ќерката Љубица и синот Миќун- обајцата ги следат неговите стапки а и сопругата Јелица е всушност во медицината и таа работи во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија во Охрид.
Ни кажа како ја одбрал урологијата, бидејќи не сакал да биде ортопед, барал нешто понежно од чекан. Претходно ќе слушнете како од одличен математичар и веќе целиот насочен кон војската, поради семејната традиција заминува на медицина. Отишол на приемен испит поради мајка му која му рекла дека во семејството е доволно еден војник. Бил на приемниот и ко од шега од 350 кандидати што биле примени бил четврти на ранг листата.
Двете фотографии се од 7.11.2016 година прослава по повод завршена специјализација на синот неврохирург д-р Миќун Миќуновиќ и ќерката анестезиолог д-р Љубица Миќуновиќ на која се тој и сопругата.
Го прашавме дали се сеќава на првата книга ни одговори дека тоа е неговата докторска дисертација која чекал дури три години да ја одбрани во Скопје и сфатил дека таму некој не сака човек од провинција да докторира, па заминал во Белград каде за кусо време го одбранил докторатот со највисоки оценки. - Е токму тоа ме натера докторската да ја отпечатам во книга и околу 400 примероци однесов по сите клиники низ Скопје да видат и да се сетат и воедно да разберат дека не докторирав експресно во Белград затоа што сум на - иќ , туку поради квалитетот на трудот кој и денес е применлив, со насмевка ама и мала доза на горчина во гласот вели д-р Миле. Токму оттогаш се насочил кон пишувањето кое му станува стил на живеење. Во неговата ординација е врвулица влегуваат и излегуваат пациенти,а тој има трпение за сите . Згора на тоа вели дека сите свои објавени книги во високи тиражи не ги продава , туку и ги подарува и дека нема пациент кој од кабинетот не си заминува со нешто негово напишано.
На истата промоција со Амбасадорот на Црна Гора во Србија, Белград Негова Ексцеленција професор Бранислав Миќуновиќ на кого му ја посветив книгата што ја промовиравме со наслов МАСОНИ ОД МАКЕДОНИЈА ДО 1990 ГОДИНА
Проговори и за чудното однесување на младите – за редот и поредокот во општеството и рече дека се’ се должи на домашното воспитание.
Вообичаено и во ова интервју музиката е по избор на соговорникот. Д-р Миќуновиќ се определи за Тоше и Есма во дует, за Мерима Његомир, Кеба и Раде Вучковиќ.
Биографија
Миле Данило Миќуновиќ, доктор на медицински науки, професор, специјалист по урологија, е роден на 12 октомври 1951 година во Кичево. Основно и средно образование завршил во Охрид, а Медицински факултет во Скопје во 1978 година. По дипломирањето, се вработил во Специјална болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо” – Охрид, каде што и денес работи. Усниот докторски испит го положил со одлика во 1992 година, а на 7 мај истата година на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Белград јавно ја одбранил и докторската дисертација “Можности за подобрување на лекувањето на неврогената дисфункција на долниот уринарен тракт кај спинални повреди” и се стекнал со титула “доктор на медицински науки”.
Наставно-научна дејност
На 4 мај 2006 година е избран во наставно–научно звање доцент по предметот Полово образование, на 19. XI 2007 година е избран во звање професор на висока медицинска школа по предметот Хирургија со нега, а со предвремен избор на 19. IX 2008 година е избран за вонреден професор на Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола.
Од 25 декември 2000 година е ангажиран како експет–рецензент на Министерството за наука на Р. Македонија по успешно завршување на научно–истражувачки проект.
Лекарската комора на Македонија на 24 февруари 2005 година го акредитира за испитувач за спроведување на стручниот испит на здравствените работници со високо образование.
Во март 2012 година се стекна со лиценца за вештачење од областа на трауматологијата издадена од Министерството за правда на Република Македонија.
Трите фотки - горе се од промоцијата на книгата ЦРНОГОРСКА НЕЗАВИСНОСТ ВО ОХРИД одржана на 23.02.2013 година во Св. Софија. На втората слика сум со амбасадорот од Црна Гора во Скопје Негова Екселенција Душан Мрдовиќ
Членство во стручни и научни здруженија
Активен член е во Европското и на Светското здружение на уролозите, во Европското здружение за импотенција, во Светското здружение за континенција, во Македонското научно друштво – Битола, во Македонското лекарско друштво и во Македонската уролошка секција; доделено му е звање примариус, бил претседател на лекарите на Охрид, член на Општинскиот одбор, односно на Собранието на лекарската комора на Македонија, член на Етичкиот комитет за правата на пациентите при Лекарската комора на Македонија.
Учествувал скоро на сите републички конгреси, како и на европските и на светските конгреси со свои трудови, и тоа во: Белград, Сараево, Ниш, Сплит, Загреб, Нови Сад, Љубљана, Рим, Парма, Анкона, Салерно, Брно, Прага, Порто Карас, Патрас, Атина, Хераклеја, Сиднеј, Монтреал, Единбург, Давос, Монако, Ерусалим, Варна, Сингапур, Кипар, Хамбург, Мадрид, Парис, Виена, Истанбул итн.
Награди и признанија
Добитник е на: Плакета од Институтот за ортопедија и трауматологија во Рига, Литванија, Благодарница, Диплома и Плакета од Сојузот на здруженијата на лекарите на Р. Македонија, Признание од Сојузот на здруженијата на телесно инвалидизирани лица на Македонија (1993), Повелба на Општината Охрид за 1997 година за особен придонес во подемот на Општината Охрид (“Свети Климент Охридски – Патронот на Охрид”), Плакета од Македонското научно друштво – Битола за особен придонес во работата, развојот и афирмацијата на Друштвото; “Повелба Свети Климент Охридски – Патронот на Охрид” на Општината Охрид за 2004 година за развојот на науката и подемот на Општината Охрид; Плакета (11 – Октомвриска награда) од Сојузот на борците на Македонија за 2005 година; Плакета од Македонското научно друштво за плодна соработка и придонес во афирмацијата на научната мисла за 2007 година; Благодарница од Македонската асоцијација за историја на медицината за 2008 година и Благодарница на Здружението на лекарите на Охрид за 2009 година. По повод 50 години на Македонското научно друштво – Битола му е доделено највисоко признание: Плакета за 2010 година. По повод денот на здравјето во 2011 година, добитник е на Плакета од Здружението на лекарите на Охрид за голем стручен 30-годишен личен придонес за развојот на урологијата во Охрид, богат опус на медицински научни публикации и развој на медицинската научна мисла.
Во 2011 година регистриран е во Значајни личности за Битола, образование и наука (НУУБ “Св. Климент Охридски” – Битола, 2011, 121–124).
Во 2013 година во Информатор Ко је Ко у дијаспори Црне Горе регистриран е во првите 90 научници по потекло од Црна Гора.
Публицистичка дејност
Д-р Миќуновиќ е вработен во Болницата “Св. Еразмо” во Охрид, каде што се одвива неговата стручна работа. Вклучен е во редовна работа, а и во научно–истражувачка работа (експерт–рецензент на Министерството за наука) со главна окупација, меѓу другото, во хирургијата. Завршил два научно–истражувачки проекти: “Анализа на промените во неврогената дисфункција на долниот уринарен тракт” и “Сексуалниот живот на жената во Република Македонија”.
Во 2012 година стана и претседател на Редакцискиот одбор на Македонското научно друштво во Битола.
Проф. д-р Миле Д. Миќуновиќ е автор на 90 книги (со 20 862 страници во тираж од 39 030 егземплари).
Објавил 381 научни и стручни трудови, 10 универзитетски книги, над 50 колумни во дневен печат и 86 популарни статии на веб порталот доктори.мк.
Последните две фотографии се од промоцијата одржана на 7.09.2011 година во салата на Општина Охрид за книгата СВ. ЈОВАН ВЛАДИМИР. Промотори се проф. д-р Стојан Ристески, историчар на уметноста Гоце Ангеличин - Жура. На една од фотките е академик Цветан Грозданов кој присуствуваше на промоцијата.
Објавени книги
1. Можности за подобрување на неврогената дисфункција на долниот уринарен тракт, “Коста Абраш”, Охрид, 1991, 1–142, (500 егземплари), 2. Уролошки проблеми, “Радио Охрид”, Охрид, 1993, 1–222, (350 егземплари), 3. Импотенција, “Радио Охрид”, Охрид, 1995, 1–212, (930 егземплари), 4. Безбедност на вода, давеник, “Друштво за наука и уметност – Битола”, Битола, 1996, 1–218, (1000 егземплари), 5. Сексуалност, еротизам и моќ, “Друштво за наука и уметност – Битола”, Битола, 1998, 1–396, (1000 егземплари), 6. Хируршка техника на кожа, “Македонска цивилизација”, Скопје, 1999, 1–400, (500 егземплари), 7. Дилеми, “Македонска цивилизација”, Скопје, 1999, 1–334, (500 егземплари), 8. Уринарна рехабилитација, “Коста Абраш”, Охрид, 2000, 1–448, (500 егземплари), 9. Сексуална моќ, “Коста Абраш”, Охрид, 2000, 1–106, (1000 егземплари), 10. Да се чудиш, “Коста Абраш”, Охрид, 2000, 1–702, (500 егземплари), 11. Научни размислувања, “Графотехна”, Кичево, 2001, 1–144, (1000 егземплари), 12. Мила моја, “Микена”, Битола, 2001, 1–96, (300 егземплари), 13. ЈЗО Специјална болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо” – Охрид, “ЈЗО Специјална болница за ортопедија и трауматологија ,Св. Еразмо‘ – Охрид”, 2001, 1–166, (500 егземплари), 14. Урологија за пациенти, “Микена”, Битола 2001, 1–204, (500 егземплари), 15. Љубена, “Микена”, Битола, 2001, 1–100, (300 егземплари), 16. Инконтиненција, подмочување, “Друштво за наука и уметност – Битола”, Битола, 2002, 1–104, (500 егземплари), 17. Завод за превенција и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид, “Завод за превенција и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид”, Охрид, 2002, 1–156, (500 егземплари), 18. Камен во бубрег, “Градска библиотека ,Григор Прличев‘ – Охрид”, Охрид, 2002, 1–94, (500 егземплари), 19. Простата, “Градска библиотека ,Григор Прличев‘ – Охрид”, Охрид, 2002, 1–120, (500 егземплари), 20. Прегрни ме, “Градска библиотека ,Григор Прличев‘ – Охрид”, Охрид, 2002, 1–128, (500 егземплари), 21. Болничка црква “Св. Еразмо”, “Болница ,Св. Еразмо‘ – Охрид”, Охрид, 2002, 1–80, (500 егземплари), 22. Единствена, “Коста Абраш”, Охрид, 2003, 1–224, (500 егземплари), 23. Живеј сега, “Коста Абраш”, Охрид, 2003, 1–224, (500 егземплари), 24. Неспуштени тестиси, Крипторхизам, “Коста Абраш”, Охрид, 2003, 1–106, (500 егземплари), 25. Вечна љубов, “Коста Абраш”, Охрид, 2003, 1–204, (300 егземплари), 26. Полово преносливи болести, “Универзитет ,Св. Кирил и Методиј‘ – Скопје”, Скопје, 2004, 1–310, (500 егземплари), 27. Спомен – обележја во Охрид и Охридско, “Сојуз на борци од НОАВМ ОО – Охрид”, Охрид, 2004, 1–272, (500 егземплари), 28. Љубов за сите времиња, “Идеја комерц”, Охрид, 2004, 1–202, (500 егземплари), 29. Вљубен, “Идеја комерц”, хрид, 2005, 1–198, (300 егземплари), 30. Научно–етички двоумења, “Ирис”, Струга, 2005, 1– 184, (300 егземплари), 31. Сојуз на борци – Охрид, “Ирис”, Струга, 2005, 1–120, (300 егземплари), 32. Засекогаш твој, “Ирис”, Струга, 2005, 1–202, (300 егземплари), 33. Согледби и пораки, “Ирис”, Струга, 2006, 1–222, (300 егземплари), 34. За половоста – Сексологија, “Ирис”, Струга, 2006, 1–208, (300 егземплари), 35. Обележан со твоите усни, “Ирис”, Струга, 2006, 1–194, (300 егземплари), 36. “Бисери” 1 – Полово образование, “Ирис”, Струга, 2006, 1–88, (300 егземплари), 37. Полово образование, “Универзитет ,Св. Климент Охридски‘ – Битола”, Битола, 2007, 1–332, (300 егземплари), 38. Љубовта е моќ, “Ирис”, Струга, 2007, 1–206, (300 егземплари), 39. Бакнеж со вино, “Ирис”, Струга, 2007, 1–220, (300 егземплари), 40. Љубов и атентат на општеството, “Ирис”, Струга, 2007, 1–82, (300 егземплари), 41. “Бисери” 2 – Полово образование, “Ирис”, Струга, 2007, 1–154, (300 егземплари), 42. Секс занимливости, “Ирис”, Струга, 2007, 1–170 (300 егземплари), 43. Хирургија со нега, “Универзитет ,Св. Климент Охридски‘ – Битола”, Битола, 2008, 1–564, (400 егземплари), 44. “Бисери” 1 – Хирургија со нега, “Ирис”, Струга, 2008, 1–134, (300 егземплари), 45. Сексуална дисфункција кај мажите, “Идеја комерц”, Охрид, 2008, 1–142, (300 егземплари), 46. “Бисери” 3 – Полово образование, “Ирис”, Струга, 2008, 1–116, (300 егземплари), 47. Љубовта е живот, “Ирис”, Струга, 2008, 1–224, (300 егземплари), 48. Практична сексологија, “Југореклам”, Скопје, 2008, 1–300, (500 егземплари), 49. Душата ми ја грееш, “Југореклам”, Скопје, 2009, 1–130, (500 егземплари), 50. Црногорска крв во Охрид, “Југореклам”, Скопје, 2009, 1–298, (300 егземплари), 51. Во очи те носам, “Југореклам”, Скопје, 2009, 1–120, (300 егземплари), 52. Црногорска крв во Охрид (второ дополнето издание), “Југореклам”, Скопје, 2010, 1–390, (300 егземплари), 53. Секс прирачник, “Македонско научно друштво – Битола”, Битола, 2010, 1–84, (400 егземплари), 54. Црногорска независност во Охрид, “Македонско научно друштво – Битола”, Битола, 2010, 1–70, (500 егземплари), 55. Сексуалниот живот на жената во Македонија, Педагошки факултет, “Универзитет .Св. Климент Охридски‘ – Битола”, Битола, 2010, 1–120, (400 егземплари), 56. Љубовта ме радува, “Македонско научно друштво – Битола”, Битола, 2010, 1–116, (300 егземплари), 57. Гласот на срцето, “Македонско научно друштво – Битола”, Битола, 2011, 1–102, (500 егземплари), 58. Педагошка сексологија, “Македонско научно друштво – Битола”, Битола, 2011, 1–132, (500 егземплари), 59. Медицинска сексологија, “Македонско научно друштво – Битола”, Битола, 2011, 1–166, (500 егземплари), 60. Дуклјанскиот светец Јован Владимир и неговите свети мошти, “Македонско научно друштво – Битола”, Битола, 2011, 1–152, (1000 егземплари), 61. За мене родена, “Македонско научно друштво – Битола”, Битола, 2011, 1–106, (500 егземплари), 62. Основи на хирургијата, “Македонско научно друштво – Битола”, Битола, 2011, 1–442, (500 егземплари), 63. Дуклјанскиот светец Јован Владимир и неговите свети мошти (2. дополнето и изменето издание), “Македонско научно друштво – Битола”, Битола, 2011, 1–152, (300 егземплари), 64. Илјада афоризми, “Македонско научно друштво – Битола”, Битола, 2011, 1–260, (500 егземплари), 65. Слободноѕидарски или религиозни симболи, “Македонско научно друштво – Битола”, Битола, 2012, 1–288, (500 егземплари), 66. Свети Јован Владимир, “Македонско научно друштво – Битола”, Битола, 2012, 1–238, (500 егземплари), 67. Шеги со доктори, “Македонско научно друштво – Битола”, Битола, 2012, 1–150, (300 егземплари), 68. Инструментарка во операциона сала, “Македонско научно друштво – Битола”, Битола, 2012, 1–278, (100 егземплари), 69. Душата ми мириса на тебе, “Македонско научно друштво – Битола”, Битола, 2012, 1–230, (300 егземплаари), 70. Животен стил, “Македонско научно друштво – Битола”, Битола, 2013, 1–320, (300 егземплари), 71. Сознај се себеси преку древни мисли, “Македонско научно друштво – Битола”, Битола, 2013, 1–260, (300 егземплари), 72. Во душата ми пишува, “Македонско научно друштво – Битола”, Битола, 2013, 1–162, (300 егземплари), 73. Поуки и пораки, “Македонско научно друштво – Битола”, Битола, 2013, 1–288, (400 егземплари), 74. Слободноѕидарски ред, “Македонско научно друштво – Битола”, Битола, 2013, 1–208, (300 егземплари), 75. Масонски симболи во Република Македонија, “Македонско научно друштво – Битола”, Битола, 2013, 1–398, (400 егземплари), 76. Живеј мудро, “Македонско научно друштво – Битола”, Битола, 2014, 1–350, (500 егземплари), 77. Светлино моја, “Македонско научно друштво – Битола”, Битола, 2014, 1–260, (300 егземплари), 78. Масони од Македонија до 1990 година, “Македонско научно друштво – Битола”, Битола, 2014, 1–376, (1000 егземплари), 79. Моја тајно, моја судбино, сакам да Ве љубам, “Македонско научно друштво – Битола”, Битола, 2014, 1–158, (300 егземплари), 80. Љубовни писма, “Македонско научно друштво – Битола”, Битола, 2015, 1–288, (500 егземплари), 81. Што почнало да се кине, ќе се скине, “Македонско научно друштво – Битола”, Битола, 2015, 1–138, (300 егземплари), 82. Модерна масонерија, “Македонско научно друштво – Битола”, Битола, 2015, 1–440, (500 егземплари), 83. Одбрани приказни, “Македонско научно друштво – Битола”, Битола, 2015, 1–162, (300 егземплари), 84. Масонска симболика, “Македонско научно друштво – Битола”, Битола, 2016, 1–510, (150 егземплари), 85. Црногорци у Републици Македонији, “Црногорска заедница во Република Македонија”, Скопје, 2016, 1–546, (300 егземплари), 86. Погледи за животот и за светот, НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид, 2016, 1–780, (300 егземплари), 87. Какви луѓе се масоните, НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид, 2016, 1–460, (300 егземплари), 88. Цетињски лекарки поуки за народ од 1880 година, НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид, 2017, 1–164, (300 егземплари), 89. Урогенитален систем, за секого по нешто, НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид, 2017, 1–264, (500 егземплари) и 90. Масонски мистерии, НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид, 2017, 1–132, (500 егземплари).
S\S\S\
Троен поздрав. Знаење, мудрост, светлина. Само науката што ја краси мудроста го прави човекот свет.
Стела Седет Соли
Ѕвездата седи сама.
Публицитет.мк