al palpojo 2020

IN MEMORIAM: Гоце Ангеличин Жура

02 Април 2019
Синоќа на 67 годишнна возраст во Охрид почина познатиот охридскиот историчар на уметност, истражувач и археолог Гоце Ангеличин Жура.

Гоце Жура, беше дипломец на Филозофскиот факултет во првата генерација на отсекот Историја на уметност со археологија, сиот свој професионален ангажман го мина како советник конзерватор во Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид.

Тој беше основоположник и втемелувач на теренските истражувања на пештерните цркви и монашки живеалишта во охридско-преспанскиот регион. Прв истражувач на црквите од турскиот период во поширокиот регион на Преспа и Москополе што резултира со откривање на нови ликови на Светите Климент и Наум, и со тоа пополнува една огромна празнина за овој период. Неговите истражувања резултираат со огромна фото документација, драгоцена за идните генерации и науката во целост.

Гоце Жура ја заинтригира јавноста за вредностите на средновековната уметност преку бројните јавни настапи и соработка во аудио-визуелни проекти. Поради стручната и научна активност и големите доатигнувања, застапен е во Првата македонска енциклопедија. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои и Повелбата Патрон на градот Св. Климент Охридски во 2007 година. Има напишано 20 книги и монографии и преку 50 научни трудови.

Комеморација во спомен на Гоце Жура во организација на Завод и Музеј - Охрид  ќе се одржи утре (среда) во куќата на Христо Узунов, со почеток во 10:30ч.

Гоце Ангеличин Жура ќе биде погребан утре во 13 часот на Градските гробишта во Охрид.

Гоце Жура беше наш драг соработник, пријател соговорник. Од богатата архива на Публицитет.мк издвојуваме само неколку сегменти и интервјуа од кои преку глас и слика може да се воочи големината на нашиот Гоце Жура. 

Нека почива во мир! 

Охрид – Ерусалим на Балканот

13.04.2012

Охрид во православниот христијански свет го нарекуваат Ерусалим на Балканот. Според легендите, градот во минатото имал 365 цркви - колку и денови во годината. Историчарите на уметност трагаат по цврсти докази за тоа.


    
default

Катедралната црква „Света Софија“ во Охрид

Охрид живее со и за легендите. Во недостиг на историски извори, од третиот и четвртиот век наваму легендите и преданијата се првостепени извори за минатото на градот Охрид. Времето покажало дека во дел од нив имало многу вистина, вели историчарот на уметност Гоце Ангеличин – Жура од Завод и Музеј во Охрид:

„Според житието на Свети Климент, напишано од Теофилакт Охридски, се зборува дека Свети Климент со свои раце си го ископал гробот и дека тој се наоѓал на Плаошник. Навистина, со најновите археолошки испитувања се откри гробот. Собирачот и преродбеник Кузман Шапкарев пишува во своите дела дека на Имарет имало две цркви. Едната посветена на Свети Пантелејмон, другата на Благовештеније. Навистина, откриени се уште две цркви. Во семејството Шанданови се пренесувала легендата дека во нивниот двор некогаш била лоцирана црквата Четриесет маченици. Неодамна и тоа се потврди и таму е отворен галериски простор.“

Под многу куќи - остатоци од цркви и базилики

По признавањето на христијанството и подоцна, при одржувањето на Вториот севселенски собор во Сердика во 343 година, се спомнува охридскиот епископ Зосима. Уште во тоа време се споменувале преубавите базилики и цркви во што Охрид бил веднаш по Ерусалим. Оттука и тезата дека во Охрид навистина имало

Mazedonien Ohrid Goce Angelicin Zura

Историчарот на уметност, Гоце Ангеличин – Жура од Завод и Музеј во Охрид

црква за секој ден од годината и дека градот со право го носи ептитетот втор Ерусалим. Во списокот на Козма Китински од 1694 година стои дека турската власт му наредила на овој настојник на Охридската архиепископија да направи попис во Охрид на сите сакрални објекти и семејства. Тогаш имало преку триесет и шест активни цркви, а денес има само три-четири, објаснува Гоце Жура и тврди дека овој дел од некогашен Охрид бил само светилиште, а се живеело на друг простор:

„Само на еден мал потег имаме откриено единаесет цркви, на простор само од стотина метри. Стариот дел на Охрид бил како светиот Ерусалим и во него не се живеело. Мислам дека ова било свето место и само за мисите доаѓале верниците и ги опслужувале и посетувале црквите. На толку цркви и базилики не е можно да имало и куќи. Затоа сега при уривањето на секоја стара куќа откриваме остатоци од средновековни цркви или стари базилики.“

DW  на македонски автор: Милчо Јованоски

Нова книга од Гоце А. Жура: „Улогата на Самуиловата Охридска патријаршија во покрстувањето на Киевска Русија’

НОВА КНИГА ОД ГОЦЕ А. ЖУРА: „УЛОГАТА НА САМУИЛОВАТА ОХРИДСКА ПАТРИЈАРШИЈА ВО ПОКРСТУВАЊЕТО НА КИЕВСКА РУСИЈА’

08 ЈУЛИ 2017

По повод 50 години од афтокефалноста на Македонската православна црква ( 1967 -2017 ) и 1030 години од покрстувањето на Киевска Русија – 987 година од страна на Охридската патријаршија деновиве во Охрид излезе од печат книгата „Улогата на Самуиловата Охридска патријаршија во покрстувањето на Киевска Русија“ од историчарот на уметност Гоце Ангеличин Жура.

 -Наша обврска беше преку историски непобитни извори и  факти да ја запознаеме јавноста за нераскинливите врски меѓу Македонија и Русија кои непрекинато траат уште од времето на Самоил ( па се’ до најново време). Благодарение на зачуваното културно – ракописно и иконописно дело и богатство, ние ја чувствуваме меѓусебната врска на невидливото и духовното , би рекле и истокрвното што тлеело во срцата на двата братски словенски народи,“ вели во интервјуто за „Публицитет“ авторот Гоце  Жура.

DSCN5343

Гоце Жура со д-р Никола Јанкуловски 

Тој објаснува како дошол до многуте документи од руските архиви и каква е улогата на проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Изразува благодарност и до колегите од охридскиот Завод и Музеј м-р Горан Митрески, Горан Патчев и до неговиот пријател и соработник Љупчо Жупан.    

36 Samuilovo carstvo 1018 1

Со клик на линкот подолу – слушнете го интервјуто во целост -  Со Гоце Ангеличин  Жура, разговара Милчо Јованоски

 

Оваа ретка книга е самостојно издание, отпечатена само во 100 примероци се потпира на исклучителни документи кои ги има во руските архиви а ги напишале светски познати научници и истражувачи кои се занимаваат токму со овој период. Меѓу нив и:Приселков,Каринскиј,Острогорски, Мошин...

Sclavinia

Трагањето по документите не враќа во периодот на пропаста на Бугарското царство, во западните провинции на Македонија, кои тогаш биле под власт на Бугарија, избуванало востание под раковдство на четворицата синови на македонскиот кнез Никола – Давид, Мојсеј, Арон и Самуил. Тоа довело до отцепување на западните провинции од Бугарското Царство и како што пишува во книгата тогаш се формирала независна македонска држава под раководство на Давид. Византискиот иммператор Цимиски во 971 година завладеал со цела источна Бугарија и неговите војски тргнале во освојување на македонското кнежевство, кое во 973 г било принудено да влезе во состав на Византија.   

goce zura doma

Книгата ги потврдува нашите тези а документите и фотографиите од нив пренесени во неа само докажуваат колкаво културно – пред се’ книжевно богатство низ вековите на чуден начин исчезнувало од овие простори и завршувало во туѓите архиви, додава  Жура и потсетува: - „Се’ почнува од овде од древниот Лихнидос – Охрид.  Тука, христијанството е поврзано со првоапостолите Павле и Андреј – Првоповиканиот, Еразмо Антиохиски, кој крштевал со илјадници верници во водите на „Белото Езеро“, па продолжува во времето на Светите Климент и Наум кога христијанството добива вистински замав, времето на создавањето на Охридската литературна и правописна школа, која со право се смета за огниште на словенската култура и писменост, која се шири во целиот словенски свет, се’ до Русија. Руската црква почитта кон Охридска црква ( патријаршија) ја искажува на 24 мај 1962 година кога се празнува денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј. Тогаш, во црквата „Успение на Пресвета Богородица- Каменско“ во Охрид е отслужена свечена архиерејска литургија со учество на тројца поглавари: патријархот московски и на цела Русија Алкесеј I  во придружба на митрополитот Никодим и епископот  Пимен, патријархот  српски герман и архиепископот Охридски и митрополит Македонски Доситеј. Тоа е првото сослужување на поглаварот на МПЦ со поглавари од други афтокефални цркви“, додава Гоце Жура.

5

Сребреници со ликот на кнезот Владимир од 988 г. 

На насловната страница е објавена минијатура со алегорична претстава на четирите народи – царства , меѓу кои последната четврта е насликана СКЛАВИНИЈА – како му принесуват подароци на императорот на Светата Римска Империја. Цртежот е од периодот помеѓу 1002 до 1020 година. На задната страница од книгата објавена е карта од чија легенда се чита дека Самоил е македонски цар.

Публицитет.мк 

„Патописците пишуваат за Охрид“ - нова книга на Гоце Ангеличин Жура

„ПАТОПИСЦИТЕ ПИШУВААТ ЗА ОХРИД“ - НОВА КНИГА НА ГОЦЕ АНГЕЛИЧИН ЖУРА

22 СЕПТЕМВРИ 2016 10:38

Многу е пишувано за Охрид од страна на голем број патописци. Идејата ни беше на едно место да ги собереме најинтересните моменти врзани за градот, вели авторот. 

Во книгава која е замислена како мапа опфатени се 21 патописец, започнувајќи од Идриси од 12 век, па преку Пуквил, Лир, Григоровиќ,Хан, Спространов,Нушиќ заклучно со Џон Фостер во 1905 год. Таа содржи 3 карти од самуиловата патријаршија, 2 цртежи и 26 стари фотографии на Охрид.

Книгава е самостојно издание на авторот – историчар на уметност Гоце Жура  испечатено само во  100 примероци и навистина секој охриѓанец треба да ја има во својот дом за да се раскажува за мошне интересните збиднувања за градот на Светоста, во минатото, велат промоторите. 

-Ова е една мала благодарност за Охрид кој ни дозволи не само еднаш да ја видиме неговата убавина и да заминеме туку во него да живееме и твориме, вели авторот Гоце Ангеличин Жура. 

 Најновиот негов труд ќе го промовираат: Горан Патчев, Горан Митрески и Виолета Мартиноска . Промоцијата ќе се одржи утре - петок од 19 часот во спомен куќата на ,, Христо Узунов“ во Охрид.  

Публицитет.мк 

 Ð“оце А.Жура извлекува од заборав уште еден учен човек од Охрид

ГОЦЕ А.ЖУРА ИЗВЛЕКУВА ОД ЗАБОРАВ УШТЕ ЕДЕН УЧЕН ЧОВЕК ОД ОХРИД

07 МАЈ 2016 

Маргарит Ѓ(орги) Димица – Димзо е првиот што напишал дела за античката топографија на Македонија и се залагал за обнова  на Охридската архиепископија.  

Историчарот на уметност Гоце Ангеличин – Жура од Охрид не мирува , постојано трага по податоците кои назад низ времето зборуваат за нашето постоење. Пред две години ја издаде книгата „Документи за Охридските парохии маала“ базирана на оставнината на Фоти Масин од Охрид.

Гоце Жура деновиве како самостојно и ретко издание само во 50 примероци ја издаде книгата посветена на Маргарит Ѓ(орѓи ) Димица ( Димзо) . Жура вели дека и Маргарит е еден неправедно  заборавен охриѓанец . Му благодари  на академскиот уметник Мирослав Масин внук на Фоти Масин кој му го отстапил преводот за објавување .

zura

-Јас го сторив своето, потсетив и го оттргнав од заборавот  Ѓорѓи Димзо, со помош на она што ни го оставил Фоти Масин , оставам на младите генерации научници да истражуваат и да ги протолкуваат неговите сознанија и откритија, вели Гоце Жура во аудио интервјуто за „Публицитет.мк“ .

Со клик на линкот слушнете го аудиото во целост 

zura i milco

Кој е Маргарит Ѓ(орги) Димица – Димзо?

Тој е првиот учен што напишал дела за античката топографија на Македонија и исцрпно ги регистрирал дотогаш познатите камени , епиграфски споменици. Се залагал за обновување на Охридската архиепископија со автокефален статус.

Маргарит Ѓорѓи Димица – Димзо е роден 1829 а умрел 1903 во Охрид . Неговите потомци Димзови и денес живеат во стариот дел на градот – Варош.

Тој бил епиграф и историчар , специјалист за античка топографија и географија . Учел во Охрид и Јанина, а на универзитетот во Атина завршил филологија. Подоцна во Лајпциг и Берлин специјализирал класична филологија, филозофија и археологија. Работел во Битола и Солун .

Маргарит Димзо напишал три книги кои за тема ја имаат Македонија. Во една пишува  посебно за Охридската архиепископија , во која се осудува нејзиното неправедно укинување во 1767 година.  

Книгата објавена 1896 година има 1046 страници. Фоти Масин во 1969 година од грчки на охридски говор превел само 33 страници во кои клучно се зборува за Македонска Илирија –Дасарета, за Лихнид – Охрид.

zura 4

Гоце Жура за издавањето на ова ретка книга посебно им благодари на колегите Горан Патче и Горан Митрески како и на финансиските поддржувачи , кои како што ни рече веруваат во неговата стручност и истрајност  а тоа се: Милчо Нанче, Здравко Маленков,Милена и Горан Змејкоски и Љупчо Жупан.

 Историчарот на уметност Гоце Жура не мирува . Годинава во октомври ќе учествува на меѓународен конгрес во Санкт Петербург – Русија и најверојатно таму ќе реферира за скриенто богатство на Охрид - за 18 базилики во стариот дел за кои досега се знае и за околу 40 активни од некогашните 365 цркви за кои се претпоставува дека ги имало во градот на ридот.

Милчо Јованоски, Публицитет.мк 

Прочитано 2748 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter