al palpojo 2020

На минување

18 Септември 2023

После премиерното издание на овогодинешниот Аматерскиот младински театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ и успешното претставување во Требиње, Босна и Херцеговина, младите волонтери-актери од театарската група на Црвен крст Охрид, предводени од авторите, со задоволство и голема возбуда Ве покануваат и очекуваат на новото издание на театарската претстава „БАРА“, која ќе биде прикажана во малата сала на Центарот за култура Григор Прличев, на 20.09.2023 г., среда во 20 ч.

08 Септември 2023
Денеска по повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија, влезот за посетители во сите објекти под надлежност на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид e бесплатен.
04 Септември 2023
Награди ФОЛК ВЕЧЕР „Охрид фест“ 2023 На 30-тото издание на Фолк вечер на „Охрид фест“, во особено силна конкуренција беа доделени следните награди.
30 Август 2023

Авторката Ирена Павлова Де Одорико, којашто живее и твори во Италија,  е годинешниот добитник на наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга поезија од иселеник што ја доделува Агенцијата за иселеништво.

28 Август 2023

Венко Трпески од Охрид сега живее и работи во синдикатот за градежништво  и е претседател на МКД „Св.Кирил и Методиј“во Трентино - Италија. 

Денес е неговиот  роденден и славата 20 годишнина од брак со неговата сопруга Васе.

20 години магична приказна наречена уште и брак. Допрва почнуваме....ова до сега беше само загревање..хе хе хе.

Tочно на Празникот Голема Богородица си го кажавме судбоносното ДA .

Oд нашиот брак нашето богатство се нашите деца Давид и Филип.

Оној што ќе научи дека секој ден е најубавиот ден во животот ќе ги осознае сите земни убавини, пишува Венко. 

Денес Венко себeси се доживува како човек – борец. Човек кој изгубил многу, но и добил многу, се разбира, со постојана работа на себе, труд, учење, верба во себе, и без откажување, дури и кога најмногу боли.

– Знаете како велат, подобро е да ја прокоцкаш сопствената младост отколку со неа да не направиш ништо. Најголемата доблест ми е што никогаш не се откажувам, многу добро знам што сакам и додека не го добијам тоа не застанувам! За мене не постои нешто што е невозможно и секоја цел што сум ја замислил, знам дека и ќе ја постигнам. Пораката што сакам да ја пренесам на секој, е да верува во себе и да не се откаже од себеси и работа на себе. Постави јасни цели и буди се секое утро со една единствена цел -да бидеш поблиску до остварување на таа цел. Можеш да оствариш и да постигнеш сè што ќе посакаш, само потребно е да посакаш, да веруваш во себе и чекор по чекор секојдневно да работиш на тоа, без разлика колку и да изгледа далеку или невозможно. И да, можеш сè затоа што знаеш дека можеш, а можеш сè, затоа што сакаш.

Не им обрнувајте внимание на негативците. Опкружете се со луѓе коишто Ви носат радост и ведрина.

370574676 6635626303193065 4776179823086815969 n

Во крвта на луѓето им е да се натпреваруваат. Во се и сешто. Имаат потреба да се докажуваат дека се од некого подобри, попаметни, поголеми, посилни, поуспешни. И еве, си размислувам, зошто ни треба такво нешто? Од каде доаѓа потребата да застанеме на некој си пиедестал и да ги гледаме другите од високо? Веројатно човечкиот род се уште не доеволуирал во свеста дека среќата е колективна работа. Љубовта исто така. И не е голем оној што е над другите, туку оној што е спремен да ги подигне сите на негово ниво. И колку убава глетка е кога еден татко од две метра клекнува на колена за да може да го гледа своето синче во очи додека му објаснува нешто околу правилата во фудбалот, или околу вртењето педали на новото точаче. Луѓето се создадени да си служат едни на други, да се радуваат со успехот на оние кои ги сакаат. Не се создадени да доминираат врз некого. Разбери, работите се изместени во овој хаотичен систем. Во овој систем те уверуваат дека за да бидеш победник мора некого да поразиш. Те уверуваат дека за да бидеш на врвот мораш сите други да ги згазиш. Е па, ниту ми треба таков врв, ниту некогаш ќе се борам за да го освојам. Јас врвот го сфаќам како висорамнина на која има место за целата моја екипа. И победник е секој што таму ќе стигне. И кога ќе се собереме сите, таму да направиме една мега журка... Да, јас сум си повеќе за спортови каде има само победници. Љубовта е еден од нив. Кога исправно ќе кликнат двајцата, љубовта е победник, а со тоа и двајцата инволвирани во таа врска се победници. И кога подобро ќе размислам, вистинска победа е кога нема поразени, вели Венко. 

 

370558356 843977480496156 1256367447430043426 n

Љубов кон корените и традицијата

Сметам дека македонската култура има непроценливи вредности, културно наследство и творештво преку кое може многу лесно и видливо да се афирмира во меѓународни рамки.

МКД „Св. Кирил и Методиј” од Трентино е промотор на македонската култура и традиција во Италија

 7 години  сме верни чувари и презентери на македонската култура, традиција, оро и песна.

Продолжувањето на нашата мисија во зачувување на македонската култура, јазик, идентитет и традиции е невозможно без  поддршката и помошта на нашите верни членови и симпатизери . За овој период од 7 години во друштвото постојано се води грижа за несметано одвивање на бројните активности. 

Наскоро ќе има  вистинско музичко уживање со Стојне Николова и Динамик бенд ,а доколку има заинтересираност ќе организираме и навивачки караван за натпреварот   Италија /Македонија итн..

Оној што ќе научи дека секој ден е најубавиот ден во животот ќе ги осознае сите земни убавини.

Живејте  со трите Е: енергија, ентузијазам и емпатија.

Ваш Венко Трпески

Публицитет.мк 

20 Август 2023

КУД „Ѓердан од бисери" од Охрид , деновиве учествуваше на два  престижни ЦИОФФ фестивали,заштитени од УНЕСКО.

18 Август 2023
-Промоција на Охрид, спортовите на вода и заштита на животната средина е целта на првиот Фестивал на водени спортови „Ohrid water festival“ кој од утре до 27 август ќе се одржи во Охрид. 
06 Август 2023

Во рамките на 12. издание на Културно - забавното лето „на зајдисонце“ во Трпејца, втора година по ред се одржува и фото конкурсот „Трпејца во објективот на туристите“. 

02 Август 2023

Од вчера СВР Охрид, во редовната полициска работа низ градот и туристичките населби во околината, ја воведе велосипедската полициска патрола. Униформирани полициски службеници на велосипед се вклучија во редовните превентивни, но и репресивни делувања на терен, пред сѐ, за одржување на јавниот ред и мир, како и активности за спречување кражби и други кривични дела и прекршоци, откривање и приведување на сторители на разни кривични дела по плажите и паркинзите, како и во централното градско подрачје.

19 Јули 2023

Утре, четврток - 20 јули во рамки на Годишната програма за работа во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи отворена трибина на тема: „Мирисот на оловото“.

Страница 1 од 117
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter