al palpojo 2020

Во Куќата на Робевци изложена виолината на Климе Садило

18 Март 2023

Виолината на најпознатиот охридски чалгаџија од крајот на 19 век и почетокот на 20 век, Климе Садило, од неодамна е изложена во Музеј Куќата на Робевци, каде што посетителите покрај тоа што ќе можат да го видат експонатот ќе имаат можност да слушаат музика од тајфата на „Садиловци“. Садило има огромна заслуга што охридската староградска песна од 19 век ја сочувала својата автентичност до денес и сè уште се свири и пее во Охрид и во другите македонски градови...

Охрид покрај по богатото културно-историско наследство и древното езеро е препознатлив и по прекрасните староградски песни. Меѓутоа за нив не може да се говори без притоа да се спомене името на најзначајниот охридски чалгаџија Климе Садило, кој со својата тајфа дал огромен придонес охридската песна да се пренесува од генерација на генерација и да опстои се до денес. Поради тоа од огромно значење е тоа што охридскиот „Завод и музеј“ од правнукот на Садило ја откупи неговата виолина која е изложена во Куќата на Робевци.

„Виолината според неофицијални проценки е изработена околу 1880-та година во Германија. Климе Садило својот музички ген го наследил и од дедо му и од татко му, кои свиреле на лаута или кемане, меѓутоа го учел чалгискиот занает во Битола кај семејството Лозанчеви и од таму ја набавил, ја купил виолината на којашто свирел до крајот на својот живот“, изјави Оливера Мишева, виш кустос етнолог во НУ „Завод и музеј“-Охрид.

Во Охрид, но и пошироко не можел да се замисли поголем настан во некое семејство или во градот без тајфата на „Садиловци“, кои во Њујорк снимиле лонгплеј плоча на почетокот на 20 век, која исто така е откупена од семејството заедно со највредните фотографии.

„Она што тие го опевале ние можеме многу да научиме од тоа. Да научиме за животните навики, да научиме за правилата и нормите на живеење, за традицијата, обичаите, за старите охридски семејства, за забранетите љубови, за неостварените љубови, за идеалите на народот што живеел тука, за борбата за слобода“, додаде Мишева.

Со откупот на виолината, „Заводот и музеј“ ја исполни последната желба на Климе Садило, виолината да остане во Охрид, но тоа е и голема обврска во иднина повеќе да се заложиме за поинтензивна популаризација на овој дел од културата, вели Мишева.

Извор: Сашо Нелоски. МРТ

Публицитет.мк  

 

Прочитано 408 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter