al palpojo 2020

Трка на поезијата 2023

12 Мај 2023

Почитувани трчачи и љубители на трчањето, пред нас е третото издание на Трка на Поезијата во Струга. На само 10 дена до самиот старт сакам да Ви изразиме голема благодарност за искажаната доверба и заинтересираност да ги пробиеме границите за кои напорно работиме 365 дена во годината.

Со голема чест и благодарност сакам да Ве известиме дека нашата манифестација оваа година ќе брои 1200 учесници во вкупно три атлетски трки:

-          БОГРАД ДЕТСКА ТРКА (300 учесници),

-          Рекреативна трка 5км (540 учесници), и

-          Главна трка 10 км (360 учесници).

Оваа година како и во изминатата огромна чест и задоволство ни претставува и доаѓањето на нашите истакнати атлетски имиња во Македонија како што се Дарио Ивановски, Адријана Поп Арсова, Александар и Биљана Кираџиеви, Атанас Анчевски, Димитар Петровски, Весна Кираџиева, Игор Јакимовски, Жан Тосев како и доста други активни и рекреативни од вкупно 11 држави кои постигнуваат одлични резултати во кралицата на спортот.

Дополнителна чест и задоволство е и вклучувањето на локалните компании кон развивање на овој спорт со поддршка на нивните вработени во градење на здрави навики, сакам да ги поздравиме специјално компанијата МАГНА која што на нашиот настан ќе усчестува со повеќе од 120 учесници, ИТ компанијата RLDatix која како и минатата година и оваа учествува со над 60 учесници, исто така и КОСТАЛ кои на настанот ќе учествуваат со над 50 учесници, исто така благодарност до сите компании кои земаат учество активно на сите наши изданија континуирано веќе трета година со ред.

За сето ова да е беспрекорно организирано и да доликува на еден врвен настан најголема поддршка од самиот старт ни е и Општина Струга на цело со градоначалникот г-дин Рамиз Мерко кој што безрезервно ја прифати и поддржа нашата идеа и визија да го развиваме Струга во атлетски град и да пренесуваме пораки за здрав живот.


 detska trka

БОГРАД ДЕТСКА ТРКА ЗА РЕТКИТЕ ДЕЦА

Овогодишното издание на детската трка добива и уникатно име, поддржано од нашиот верен генерален покровител од самиот почеток на нашиот настан.    
Хотел Боград како генерален покровител на детската трка заедно со нас и здружението „Ретко е да си редок“ од Охрид кои максимално се вклучија во оваа кампања за поддршка на децата со ретки болести.

Оваа година еден ден пред главниот настан на 20.05.2023 година во Сабота со почеток во 18:00 часот дечињата ќе ја обојат Струга со трчање и ќе бидат презентери на еден од најубавите настани кои ги памети и создава нашата убава Струга.

Оваа година ќе се натпреваруваат во пет различни категории почнувајќи од 4 до 13 години, и тоа:
- Прва категорија од 4 и 5 годишна возраст (100м)
- Втора категорија од 6 и 7 годишна возраст (200м)
- Трета категорија од 8 и 9 годишна возраст (300м)
- Четврта категорија од 10 и 11 годишна возраст (500м)
- Петта категорија од 12 и 13 годишна возраст (500м)

* Секое дете ќе си добие официјална маица посветена на трката и финишер медал.
* Покрај натпреварувачкиот карактер во трчање ќе има и забавни точки кои што ќе можат да се забавуваат дечињата.

 

Trka na poezijata maica napred 2

ОФИЦИЈАЛНА МАИЦА НА ТРКА НА ПОЕЗИЈАТА 2023

Ви ја претставуваме официјалната маица на Трка на Поезијата 2023. Оваа година одлучивме маицата да „отскокнува“ од официјланите маици на кои што сте навикнати да ги гледате на останатите трки. Едногласно одлучивме од оваа година во преден план да ја ставиме поезијата како што е и името на нашата манифестација.

Во координација со победниците на минатите изданија на поетскиот конкурс, Биљана и Ана, но и во координација и одобрение од потомците на Димитар и Константин Миладинови на нашата официјална маица оваа година ќе ги најдете стиховите на браќата Миладиновци како едни од главните претставници на македонската преродба во средината на XIX век.

Познатата „ТАГА за Југ“ од браќата Миладиновци ќе оди на двете официјални маици од настанот, а додека „До целта“ од Ана Стојаноска ќе оди на машките учесници и „Трчам со силата на зборот“ од Биљана Тодоровска ќе оди на женските учесници на настанот.

Дизајн и изработка брендот РЕМОРКЕР од Лонгуров, Штип.

ПОДИГНУВАЊЕ НА ПАКЕТИТЕ, ЦЕЛОСНА АГЕНДА

Со огромно задоволство Ве информираме дека и оваа година, трета со ред, Camping SCOUT Struga ќе биде домаќин на нашето EXPO кое ќе биде организирано во термините:

- Четврток, 18.05.2023 од 16:00 до 20:00 часот,
- Петок, 19.05.2023 од 14:00 до 21:00 часот, и
- Сабота, 20.05.2023 од 08:00 до 19:00 часот.
* Подигнување на стартните пакети на денот на трката НЕМА да има.

Во соработка со Camping Scout Struga во текот на целата недела се предвидени активности и програма за запознавање со целиот наш настан како и настаните кои што ги организира Camping Scout Struga преку целата година.
Како едни од омилените пријатели на Poetry Run, Camping Scout Struga, оваа година ќе овозможи и презентации и обуки за учесниците и помагателите на целиот наш настан.

Ние сме горди на оваа соработка која секоја година ќе подготвува специјални изненадувања за учесниците на "Poetry Run".

Ве очекуваме и срдечно Ве поздравуваме!

Марјан Туртуров, претседател АК Спортски Мостови

Публицитет.мк 

Прочитано 3900 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter