Хуманост: Бербер Емин ги потстрижува сиромашните бесплатно
Младиот бербер Емин Алим од Охрид кој има само 17 години и е ученик во Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ оди по стапките на неговиот татко Неат кој е сопственик на берберницата „Шогун“ и заедно бесплатно потстрижуваат лица кои се под социјален ризик и бездомници.
Емин трета година со ред ја покажува својата хуманост за која деновиве Мимоза Ставрева – секретар на Црвен крст – Охрид му врачи посебна благодарница во знак на признание за покажаната хуманост.
Оние кои се во евиденцијата на Црвен крст - Охрид земаат купон во оттаму и бесплатно ја користат услугата – потстрижување во „Шогун“.
Пример за почит и поздравување.
Публицитет.мк