Тикер
СВР Охрид ја известува јавноста дека од утре, 19.09.2023 година (вторник), на сила ќе биде нов режим на сообраќајот на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид.
Дерби натпреварот кој долго беше најавуван дојде и помина.а помина неславно за охриѓани. Младите ракометари на Алкалоид на чело со селекторот на репрезентацијата на Македонија Кире Лазаров на овој натпревар одржаа час по модерен ракомет.
Во Езерското дерби, а во рамките од првото коло во македонската Супер лига охриѓани победнички ,,продифелираа" низ Струга. Домаќините во ниту еден момент не го загрозија водството на охриѓани.
Од 08.-10 септември во Подгорица, Црна Гора, се одржува втора конференција на Здружението на ученички и студентски домови на Југоисточна Европа. На конферецијата учествуваат Студентскит дом " Никола Карев" и Ученичкиот дом "Ванчо Питошески" од Охрид.
На пригодна свеченост, во поранешната касарна во Охрид, беше откриена спомен плоча на 6-та пешадиска бригада на Армијата на Република Северна Македонија.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се обрати и со видео порака, во чест на денешниот голем државен празник 8 Септември, со којашто на сите граѓани во државата го честита Денот на независноста на Републиката.
Меѓународната академија Léоpold Sédar Senghor на предлог на академскиот совет на Миле Миќуновиќ му доделува почесна титула ПОЧЕСЕН АКАДЕМИК И ПОЛНОПРАВЕН ЧЛЕН врз основа на заслугите кои произлегуваат од неговата лична наставна програма. Претседател проф. Акад. д-р Чеик Тидиане Гаје, Милано, 24 август 2023, Италија.
И тоа се случи Охрид да биде поразен на домашен терен и тоа од довчерашниот третолигаш екипата на Вардар.
Половина век Меѓународна научна конференција за македонистика. Македонисти, балканисти и слависти од 15 различни држави од сите страни на светот доаѓаат во Охрид. Од денес, 1 септември до недела, 3 септември 2023 година ќе се одржи 50. Меѓународна научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ). Оваа Конференција е научен собир за јазик, литература и култура, кој е единствен во регионот со толкава традиција на континуирано, непрекинато одржувње и по бројот на објавени зборници на научни трудови. Токму научните трудови произлезени од оваа Конференција во изминатите пет децении се едни од клучните македонистички научни референци, од странски и домашни научници, а на ова нејзино јубилејно издание и повеќе од половина од учесниците се од странството.