al palpojo 2020

Промовиран дигиталниот паметен споменик на Григор Прличев во Охрид

10 Август 2022

 Синоќа беше промовиравме дигиталниот паметен споменик кој ги вкрстува вештачката интелигенција и виртуелната реалност во уникатно футуристичко искуство за граѓаните и посетителите на Охрид, стои во објавата на сајтот на Општина Охрид и се додава: 

 Воскреснувањето на Григор Прличев преку користење на најновите технологии овозможува да ги спознаеме културата и технологијата, минатото и иднината, во непосредна интеракција со дигиталната свест на Вториот Хомер.

Иновативниот систем е изработен од страна на компанијата Сефиданис, која неодамна потпиша меморандум за стратешка соработка со Општина Охрид. Решението, покрај останатото, вклучува и технологија за препознавање на говор на македонскиот јазик, како и високо реалистичен приказ на живописен аватар кој го претставува Прличев, синхронизиран со говор кој ги отелотворува стиховите и емоциите на поетот.

За виртуелниот модел на ликот беа користени оригинални фотографии, автентични скулптури со примена на напредни методи на машинска интелигенција за дигитална фотограметрија. Дигиталниот споменик ќе биде достапен за комуникација во текот на целиот ден и ноќта, лето и зима на плоштадот на уметноста Долна Порта.

Дигиталното културно наследство претставува посебна научна дисциплина која се наоѓа на пресекот помеѓу компјутерските технологии и хуманистичките науки. Охрид, како град на УНЕСКО, има потреба од новите технологии кои овозможуваат дигитализација и трајна конзервација на културното наследство, во физичкиот и во метаверзумот. Ваквите иновации ја поттикнуваат промоцијата на градот и државата, со тоа што ќе понудат туристичко искуство кое не може да се најде на друго место.

297963848 478251197641752 7178888012847014002 n 

 
Професор д-р Анис Сефиданис на својот ФБ профил уште синоќа напиша:
На плоштадот на уметноста Долна Порта, беше промовиран дигитален паметен споменик кој ги вкрстува вештачката интелигенција и виртуелната реалност во уникатно футуристичко искуство за граѓаните и посетителите на древниот Охрид. Воскреснувањето на Григор Прличев преку алхемијата на најновите технологии ни овозможува синхроно да ги спознаеме културата и технологијата, минатото и иднината, во непосредна интеракција со дигиталната свест на Вториот Хомер.
Холографската технологија, тродимензионалниот мултимедијален интерфејс и просторната звучна акустика го потопуваат виртуелниот аватар на поетот во срцето на неговиот роден град. Иновативниот систем кој е изработен од страна на компанијата Сефиданис, што неодамна потпиша меморандум за стратешка соработка со Општина Охрид, покрај останатото, вклучува и технологија за препознавање на говор на македонскиот јазик, како и високо реалистичен приказ на живописен аватар кој го претставува Прличев, синхронизиран со говор кој ги отелотворува стиховите и емоциите на поетот преку уникатниот глас на актерот Стрезо Стаматовски. Снимањето и процесирањето на тродимензионланиот просторен аудио материјал го изработи Сашо Митан заедно со својот тим на Супер Радио Охрид. За охридските посебности во македонскиот јазик ни помогнаа господата Владо и Филип Ангеличин Жура.
На машинската конструкција која користи електо мотор, лед панели и бројни вмрежени компјутери за процесирње на податоците, несебично работеа двајцата мешински инженери Томе Скендеровски и Џезо Сефиданоски, а на автоматиката работеше магистрантот по роботика Павел Тасков. За разработка на концептот несебична поддршка даде директорот на НУБ Григор Прличев Milco Jovanoski и ни ги отвори вратите кон сите неопходни материјали за воскреснување на поетот.
За виртуелниот модел на ликот беа користени оригинални фотографии, автентични скулптури, кои се обработуваа со помош на напредни методи на машинска интелигенција за реконструкција на виртуелни карактери. Тродимензионалниот модел на виртуелниот карактер до последното влакно го разработуваше магистрантот од Универзитетот во Марибор, охриѓанецот Александар Илиевски, а анимациите преку кој му вдахнавме дух ги изработи студентот од Универзитетот Св. Апостол Павле во Охрид, Шабан Брзев.
Посебните алгоритми за препознавање на македонски говор, вкучувајќи го и охридскиот дијалект, и целокупната платоформа за интеракција ја работеа Дамјан Петковски, Михаил Анѓелески, студенти на Универзитетот Св. Апостол Павле во Охрид и Петар Мишов, иден студент.
 
grigor 1 copy
Не помала заслуга имаат Магдалена Маркоска која го менаџираше проектот, како и Ајла Бајрамовска заедно со своите соученици од ОУ Григор Прличев кои учествуваа во тестирање и евалуација на споменикот.
Тимот го водеше Проф. д-р Анис Сефиданис а целата технологија се развиваше на Суперкомпјутерот NVIDIA DGX кој се наоѓа екслузивно во лабораториите на Сефиданис. Паметниот споменик ќе биде достапен за комуникација во текот на целиот ден и ноќта, на самиот влез од стариот дел на градот.
Овој проект нема да можеше да се реализира без поддршка на Општина Охрид, Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид и Gjoko Apostolov, раководител на Секторот за туризам и локален економски развој.
Дигиталното културно наследство претставува посебна научна дисциплина која се наоѓа на пресекот помеѓу компјутерските технологии и хуманистичките науки. Охрид, како град на УНЕСКО, има потреба од новите технологии кои овозможуваат дигитализација и трајна конзервација на културното наследство, во физичкиот и во метаверзумот. Ваквите иновации можат воедно да ја поттикнат промоцијата на градот и државата, со тоа што ќе понудат туристичко искуство кое не може да се најде на друго место.
 
Публицитет.мк 
Прочитано 309 пати

Омнибус

24 Мај 2023

Почина кралицата на рокенролот Тина Тарнер

Тина Тарнер, една од најдобрите музички изведувачи на сите времиња, почина денес на 83-годишна возраст.
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

niksan

  • Medikor

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter