al palpojo 2020

Нуркачкиот Центар АМФОРА ја организира акцијата „Охрид ЕКО 2023“

28 Мај 2023

Во организација на Нуркачкиот Центар АМФОРА од Охрид се реализира голема еколошката акција за чистење на Охридското Езеро од цврст Отпад ,,ОХРИД ЕКО 2023,,

Акцијата се изведе на две локации: Извори Св Наум, Пристаниште Св Наум - манастир Св Наум.

На акцијата зедоа учество 28 нуркачи  од Нуркачкиот Центар Амфора, Спелеонуркачки клуб Врело од Скопје како и припадници на нуркачкиот тим на БСС на АРМ кои се вклучуваат во сите поголеми еколошки акции и активности што ги организира Нуркачкиот Центар Амфора.

Од дното на Езерото се извади огромна количина на разновиден цврст отпад како што се пластични шишиња, лименки, пластики, конзерви и друго.

Проектот е реализиран со подршка на Скопско АД Скопје и на Ресторан Острово Св Наум.

Голема благодарност и до ЈП Комуналец Охрид кои на секоја акција навремено го подигнуваат извадениот отпадот и го  транспортираат до депонија.

capture 20230528 102616

Повторно ќе потенцираме дека најголемата количина на цврст отпад доаѓа преку реките кои се вливаат во езерото и носат огромни количини на отпад ни објаснува раководителот на АМФОРА Јован Секулоски Интернационален Инструктотр Тренер и потенцира дека со реализација на проектот пред неколку години дадовме предлог да се изградат мини брани со кои во голема количина ќе се намали цврстиот отпад во езерото, а со една и единствена цел Вистинска заштита на Охрдското Езеро.

Публицитет.мк 

Прочитано 570 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter