ЦЈЗ Охрид со нова и најсовремена апаратура и автоматизиран систем за молекуларна дијагностика
Центар за јавно здравје Охрид од неодамна се опреми со најсовремена апаратура и воспостави целосно автоматизиран систем за молекуларна дијагностика во кој се интегрирани екстракција на нуклеински киселини ДНК и РНК, PCR амплификација во реално време и интерпретација на резултати.
Со тоа на корисниците на нашите услуги му овозможуваме да добијат брзи и точни резултати за анализите:
- Скрининг на присуство на високо ризични типови на хуман папилома вирус (ХПВ скрининг)
- Одредување на поединечни генотипови-генотипизација на 14 високо ризични типови на хуман папилома вирус (ХПВ), кои се застапени на Балканското подрачје
- Докажување на присуство на Chlamydia trachomatis во гинеколошки, цервикални брисеви кај трудници
За ги направиме поблиски нашите можности и капацитети до матичните гинеколози од Охрид и Струга, а со цел поефикасен и навремен одговор за задоволување на потребите на пациентите, Центар за јавно здравје Охрид во соработка со компанијата Биотек вчера организираше презентација за новитетите во молекуларната дијагностика.
Публицитет.мк