al palpojo 2020

Струга домаќин на проектот: „Финансиска писменост за млади претприемачи -FinYes“

01 Декември 2023
Од вчера до недела во Струга  се одржува проектот „Финансиска писменост за млади претприемачи -FinYes“, во кој е учесник и Универзитетот „Св. Апостол Пвале“ претставен од проректорката проф. д-р Устијана Речкоска Шикоска. Освен Универзитетот „Св. Апостол Павле“, учесници во проектот се и СОУ „Љупчо Сантов“ Кочани, Младинска секција на ОЕМУЦ „ Св. Наум Охридски“ Охрид, Правен факултет при УКЛО - Битола, Економски факултет УГД - Штип и Факултет за земјоделски науки и храна при УКИМ - Скопје и Здружение на Агро Економиски на Р.С. Македонија
 Оваа програма е испорачана во Македонија од страна на ЦЕФЕ Македонија со поддршка од тимот на германскиот Sparkassenstiftung во Албанија и С. Македонија. Обуката за обучувачи е дел од проектот „Финансиска писменост за млади обучувачи – FinYes“ поддржан и ко-финансиран од страна на Американската амбасада во Скопје

FinYes (Финансиска писменост за млади претприемачи) има за цел да ги опреми едукаторите и младите поединци во Северна Македонија со основни финансиски вештини и знаења. Во услови на висока инфлација, несигурност на цените и геополитички хаос, ефективно финансиско планирање и управување со ресурсите станаа клучни во денешниот свет кој брзо се менува. Општата визија на проектот е да им овозможи на младите од провинциските области на Македонија да планираат и да работат на нивната финансиска независност.

Публицитет.мк 

Прочитано 336 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter