Изложба “ЧЕНТО - Биографија низ фотографија”

17 Ноември 2022

НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Охрид и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Прилеп, по повод 120 години од раѓањето и 65 години од смртта на Методија Андонов - Ченто, ќе отворат заедничка изложба  “ЧЕНТО - Биографија низ фотографија”.

Изложбата преку фотографии го следи животот и делото на претседателот на Првото заседание на АСНОМ, од неговото детство, предвоениот, воениот и периодот по ослободувањето, се до неговата смрт, како и фотографии на создадени дела за него.
Отворањето на изложбата е во Спомен куќата на Христо Узунов - Охрид е утре - петок 18 ноември во 12.00 часот.
Автор на изложбата е Рубинчо Белчески, историчар - кустос советник во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Прилеп.

 

cento

Публицитет.мк 

Прочитано 491 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter