Посетете ја изложбата „Звукот на фотографијата“
11 Декември 2022
Во организација на Културолошка Иницијатива „5 до 12' од вчера е отворена Изложба на фотографии изработени од млади охридски фотографи на слободна тема.
Публиката на едно место ќе може да ги погледа делата од младите фотографи: Анамарија Момироска, Христијан Јанкуловски, Никола Ставрески, Анастасија Стојаноска, Ива Јовановиќ и Давор Левески.
Изложбата во просториите на Младински Центар Охрид ќе може да се посети и види до 30.12.2022.
Публицитет.мк