Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ: „Сликарски уранак“ во Охрид

07 Април 2023

Сликите се знак на времето. Да се запамети она што не опкружува, за да ги раздвижи, односно да ни остави парче паметење во нашите сетила, како што би сакал да речам, да останат како сведоци за времето што го отсликуваат. На 6 април 2023 година во вечерните часови се отвори изложба од Црногорските уметници „Сликарски уранак“ од Подгорица.

Здружението „СЛИКАРСКИ УРАНАК“ е формирано во 1993 година во Подгорица и на сите уметници со добра воља им е отворена вратата заеднички да ги „отпеат вредностите на животот“. Креаторите сликаат теми од животот на различни начини: усмено, со литература, со музика, со наука и слично. Затоа, во „Сликарскиот уранак“ е отворено место за сите творци што се кадри да дадат нешто вредно за народот кој ги школувал. Здружението од 230 членови пораснало на 433 сликари, писатели, музичари, научни работници, публицисти од Црна Гора, Србија, Република Српска, Бугарија, Русија, Белорусија, Ерменија, Украина, Македонија, Индија, Чиле, Америка, Германија, Луксембург, Франција, Австрија, Саудиска Арабија, Канада и Австралија.

005 copy

Сите членови на „Сликарски уранак“ од различни градови доаѓаат и работат слики и други свои дела со свои материјали и ги оставаат на домаќините. Досега имаат реализирано повеќе од 500 колективни изложби.

Претседател на „Сликарски уранак“ од 2022 година е господинот Никола НЕНЕЗИЌ кој во својот мандат направил 8 изложби во Црна Гора. Патот го води сега во Охрид и продолжува на 27 април во Требиње, па следува на 16 мај во Белорусија во галеријата на Марк Шагал во Витбеск, па продолжува во Москва (со две изложби) и Санкт Петербург, потоа се враќаат во Црна Гора со планирање да направат изложби и во Сараево, Белград, Ниш и Скадар.

003 copy

Сликарството го разбирам како информација, како личен агол на гледање, кој ја има моќта да се претвори во колективен чин на посматрање. Затоа сликата е и општо место, каде се вкрстуваат погледите, а секој за себе го формира впечатокот и го донесува судот за прикажаното. Затоа сликата ја сметам за посебност во изразувањето на личниот однос кон објектот на посматрање. Изложените слики, колку и да се трудиме да ги прикажеме како колективен чин, сепак тие за мене го носат печатот на лична драма, затоа се и драгоцени сведоштва за она што веќе никогаш нема да биде исто, колку и да се трудиме да бидеме повторливи во намерите.

Вечерва ќе имате чест да се запознаете со уметничките слики, со делата на познатите сликари: 1. Перо Никчевиќ од Париз, 2. Тинд Булстовиќ од Подгорица, 3. Гордана Брауновиќ од Подгорица, 4. Гордана Томашевиќ од Белград – Херцег Нови, 5. Јасминка Богичевиќ од Подгорица, исто така изложени се дела и од писателите сликари 6. Весна Убавчиќ од Австралија, 7. Дајана Митровиќ од Нови Сад – Подгорица, 8. Ковиљка Раониќ од Подгорица, 9. Даринка Живковиќ од Подгорица, 10. Симеон Ангелов Тодев од Скопје, 11. Радован Радовиќ од Подгорица, 12. Никола Ненезиќ од Никшиќ – Ниш, 13. Милојка Бандук од Сараево – Подгорица и 14. Лексо Ракочевиќ од Колашин – Подгорица.

004

Вредноста на изложените дела е непроценлива, зашто уметниците, преку боите на љубовта, на платно ги внесле своите критериуми за естетските, природните, културно – историските и другите вредности со кои се среќавале по разните места во Црна Гора, како РАЈ на земјата.  

005 copy copy

Прикажаното на сликите што се пред вас, сакам да ве извлечат од рамнодушноста на погледот, да ви ги разбуди емоциите кон опкружувањето, затоа што ништо не останува исто, времето ги менува и состојбите и впечатоците и погледите.

Според мене, сите Вие присуствувате на чинот на вистината. А утре можеби сè ќе биде поинаку. Посакувам секој да понесе дел од својата вистина што овде Ви се прикажува.

Пишува

Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ од Охрид

Прочитано 592 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter