Д-р Миле Миќуновиќ е првиот Европски академик во болницата „Св. Еразмо“ од Охрид

06 Март 2018

Европската Академија на науките и уметностите со седиште во Салцбург - Австрија по нивна номинација од страна на нивниот комитет и предлогот од Aкадемик Нада Поп Јорданова од Скопје за активен член, академик, во класата за медицина деновиве го избра проф. д-р Миле Д. Миќуновиќ вработен во болницата за ортопедија и трауматоогија „Св. Еразмо“ – Охрид.

Д-р Миле Д. Миќуновиќ е вработен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Автор е на 96 книги (со 22 118 страници во тираж од 42 030 егземплари). Објавил 389 научни и стручни трудови, 10 универзитетски книги, над 50 колумни во дневен печат и 86 популарни статии на веб порталот doktori.mk

mile 1

Во Резиденската палата, 2 март 2018 г.

Д-р Миќуновиќ е еден од ретките кои не љуби да дава интервјуа, но овој повод секако е посебен и голем и ексклузивно за „Публицитет.мк“ на блиц што се вели одговори на неколку редакциски прашања.

Академик Миќуновиќ , честитки за стекнувањето на оваа престижна титула која е резулатат на вашите ангажмани и тоа не само во областа на медицината. Што претставува титулата Академик?

Во многу Европски земји па и во Македонија, титулата Академик е врвна титула за еден научен работник, и се доделува само на заслужни професионалци со добро искуство и импресивни резултати во нивната работа.Лично за мене таа претстставува врв на мојата досегашна кариера и се радувам што еве стигна и пред моето пензионирање.

mile 2 copy 

Поглед во внатрешноста на Резиденската палата

Која е Европската Академија на науките и уметноста од Салцбург?

Европската Академија на науки и уметрности е Европска научна мрежа што опфаќа 2000 членови. Академијата е транснационално, интердисциплинарно тело кое потесно се занимава со обработка на Европските прашања и се обидува да гради мостови низ Европа. Нивните 2000 членови се поделени во 8 научни класи: Хуманитарност, Медицина, Уметности, Природни Нуки, Социјални Науки/Право/Економија, Технички/Еколошки Науки, Светски Религии и Корпоративно/Народно Управување. Во секоја класа, регуларно, се организираат бројни проекти и настани како што се симпозиуми. Покрај тоа, имаат 6 институти кои обработуваат специфични проблематики и прашања. Меѓу нивните 2000 членови, има 8 добитници на Нобелова Награда како што се Папата Бенедикт XVI кој е приклучен на Академијата уште како Кардинал во 1992 година. Во дополнение, имаат инаугурирано уште 31 добитник на Нобелова Награда како Почесни Членови до сега.

mile 3  Коктел 

 Колку врвни доктори од областа на медицината - вклучувајќи Ве и Вас беа инаугурирани годинава?

Оваа година титулата АКАДЕМИК свечено им додели на 8 нови членови во научната класа за медицина, меѓу кои бев и јас. Приемот за добредојде се случи на 2 март  во Резиденската палата во Салцбург во 19 часот, а инаугурацијата се изврши следниот ден на 3 март  во амфитеатарот на Универзитетот во Салцбург под раководство на претседателот на академијата, академик, хирург- кардиолог Феликс Унгер, професор кој во Европа направил пресадување на вештачко срце. Промотор беше академик Максимилијан Фусл кој ја водеше промоцијата на латински јазик.

 

mile 4 

Академик Миќуновиќ со претседателот на академијата проф. Феликс Унгер и синот д-р Миќун

Кои научници беа инаугурирани од класата на медицина?

Во мојата група од медицина бевме инаугурирани по редослед следниве членови: 1. Charalampos Nektarios Livir–Rallatos, Greece 2. Kevin Marsh, United Kingdom 3. Mile Micunovic, Macedonia 4. Pavel Poredoš, Slovenija 5. Zoltan Rihmer, Hungary 6. Emmanuel Thienpont, Belgium 7. Stefan Thurner, Austria 8. Andrea Tonti, Italy. 

 

mile 5 copy

Миќуновиќ како што вели:- Со мојата верна придружба, синот д-р Миќун -неврохирург и д-р Јордан Смически - ортопед

Како се одвиваше свеченото доделување на титулата?

Посебно ме израдува тоа што беше присутно знамето на мојата татковина, знамето на Република Македонија и запишано нејзиното име Македонија. Свеченоста почна со изведување на химната на Европските студенти Gaudeamus igitur, песна на латински јазик и се продолжи со пригодна класична музика. По редослед на научните класи, академикот Максимилијан Фусл свечено ги додели дипломите. Се продолжи со класична музика и заврши со предавање од академикот проф. д-р Јоханес Хубер од Универзитретот во Виена за „Епигенетскиот развој на хомо сапиенсот“.

 mile 6

 Со Академик Владо Димовски од Словенија, менаџмент и организација (со жолта вратоврска)

 

mile 7

Пред амфитеатарот на Универзитетот во Салцбург на 3 март 2018 година 10 часот

 

mile 8

Во амфитеатарот пред почетокот на инаугурацијата

 

mile 9

Изведување на химната на Европските студенти Gaudeamus igitur

mile 10

Претседателот на академијата проф. д-р Феликс Унгер ја најавува инаугурацијата

 

mile 11

Повик за настап на бина за инаугурација

 

mile 12

Групата од медицина пред да излезе на бината

 

mile 13

Втора научна класа – Медицина

mile 14

Чинот на инаугурација

mile 15

15. Заедничка фотографија на класата Медицина

mile 16

Заедничка слика на групата со доделената титула

mile 17

Со знамето на Република Македонија  и дипломата за Академик

mile 18

Дел од концертот во чест на новите академици

 

mile 19

Завршен дел

mile 20

Завршен коктел

mile 21

Пред заминување од амфитеатарот на Универзитетот во Салцбург

М. Јованоски, Публицитет.мк

Прочитано 56812 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter