Плоштадот Св.Климент Охридски пулсираше со младоста и хуманоста, во боите на Црвениот крст

07 Мај 2023

На 49-от општински натпревар по прва помош, кој во организација на Црвен крст  Охрид вчера се одржа во Охрид учениците од сите основните и средните училишта од Охрид и Дебарца организирани во 10 екипи подмладок и 3 младина се натпреваруваа во укажување прва помош.

Преку 100 млади на 6 пунктови низ градот ги презентирање стекнатите знаења, вештини и техники за укажување прва помош. Најуспешни, во категоријата подмладок беше екипата на ОУ Св.Климент Охридски, второто место го освои екипата на ОУ Дебрца-Требеништа, а трета беше екипата на ОУ Христо Узунов. Во категоријата младина првото место и правото на учество на Државниот натпревар по прва помош, го освои екипата на ОСУ Кирил и Методиј-медицинска паралелка, второто место го освои екипата на ОЕМУЦ Св.Наум Охридски Охрид, а трета беше екипата на ОУТУ Ванчо Питошески Охрид.

3

За регуларноста на натпреварот и оценувањето на екипите се грижеа 17 судии (лекари, медицински сестри, парамедици на Црвен крст Охрид), а за реалниот приказ на сценаријата и „повредите“ на пунктовите се погрижи тимот за реалистички приказ на повредите, составен од 5 шминкери и 14 актери. 13 водичи, волонтери на Црвен крст Охрид ги водеа екипите по предвидените траектории и пунктови за укажување прва помош.

39

Во овој циклус на подготвока на учениците, со активно учество на менторите од секое училиште и волонтерите-тренери и инструктори по прва помош на Црвен крст Охрид, со најновите знаења, техники и вештини за укажување на прва помош се здобија преку 200 млади.

45.1

Во едукативниот и забавниот дел од натпреварот младите ги покажаа своите знаења за хуманитарното движење на Црвениот крст.

Црвен крст Охрид изразува голема благодарност до сите волонтери, ментори, инструктори, тренери, судии, до основните и средните училишта и до сите кои ја помогнаа реализацијата на 49-от Општински натпревар по прва помош.

Публицитет.мк 

Прочитано 225 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter