Хорот „Ѓердан од бисери“ настапи на култниот детски фестивал „Златно славејче“
20 Ноември 2023
Охридскиот ХОР"ЃЕРДАН ОД БИСЕРИ",во саботата настапи на 53.издание на фестивалот на детска песна ЗЛАТНО СЛАВЕЈЧЕ што се одржа во Македонска Филхармонија во Скопје.
Нашите мали уметници го претставија Охрид,со песна и порака за децата со ретки болести.Песната е со аранжман на Јовица Карајли,спот снимен во ИН Тв. Гордост и благодет е да си уметнички раководител на 120 членови на детски хор...Колоната од мали охридски бисерчиња беше огромна, вели нивниот уметнички раководител Татјана Узуноска -Тренеска.
Публицитет.мк