Скопје доби прва специјализирана книжарница за деца

21 Декември 2016

Во неа ќе има исклучиво книги за деца и тоа наслови кои се издадени од страна на ЕДУКА МАК и наслови наменети за деца во издание на други издавачки куќи.

Сите изданија кои ќе ги красат полиците на оваа книжарница за деца наменети се за децата од предучилишна и рана училишна возраст. Освен книги, сликовници, едукативни прирачници во неа ќе може да се најдат разни едукативни игри, дидактички материјали, квизови и друго.Тенденцијата на издавачот е да се создаде едно пријатно детско катче за секое дете, во кое нема да има друго, освен тоа што му е потребно на децата.

edu

Во Република Македонија има многу книжарници во кои има книги за деца и возрасни, но специјализирана книжарница само за деца досега немало. Токму затоа овој прв пионерски чекор на издавачката куќа ЕДУКА МАК, претендира да стане топло и пријатно, весело сврталиште на децата, нивните родители и учители.


Може да се додаде дека во неа, освен продажба на книги и други изданија за деца, ќе се организираат разни музички и ликовни работилници, квиз натпревари, креативни игри и сето тоа проследено со многу детска смеа и забавa.

Публицитет.мк 

 

Прочитано 4767 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter