Омнубус

11 Февруари 2024

На 8 февруари 1984 година владееше празнично расположение во Сараево. Со месеци со голем елан се вршеа подготовски за тој ден, насекаде низ градот се градеше, расчистуваше и чистеше. Околу 60.000 гледачи на стадионот Кошево и милиони пред телевизиските екрани во цела земја одушевено ја следеа церемонијата на отворањето на  14-те Зимски олимписки игри.  Сараево, главен град на тогашната југословенска република Босна и Херцеговина, беше во центарот на вниманието на светската спортска бина.

01 Февруари 2024

Пред нас е , 6-то издание на Националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“ оваа година посветено на ретките заболувања во охридско-струшкиот регион.

27 Јануари 2024

По долги преговори, земјите наследнички на Југославија постигнаа договор за обновување на изложбата за жртвите на холокаустот во Меморијалниот центар Аушвиц. На договорот му претходеше макотрпна работа на ентузијасти.

14 Јануари 2024

Гугл објави кои термини биле најпребарувани во 2023 година - од моменти во поп културата, до личности кои починале и трагични вести ширум светот.

08 Јануари 2024

Минимално инвазивно отстранување на тумор со помош на ултразвук без нуспојави? Овој метод е дозволен во САД - за почеток само кај рак на црниот дроб. Но, се истражува негова примена и кај други видови на рак.

24 Декември 2023
На 22 декември, во "Јавна соба" во Скопје организацијата Новинари за човекови права ја промовираше книгата "Горка кнедла" од авторката Валентина Ѓоргиевска Парго. Дизајнот на корицата е изработен од талентираната средношколка од "Орце Николов", Николина Таневска.
19 Ноември 2023

Од година во година се влошува состојбата со рибниот фонд на охридската пастрмка и белвицата. Рибокрадците масовно и неселективно ги изловуваат овие два ендемични видови риба, а езерската полиција и покрај сите напори не може да и стави крај на оваа појава. Поради тоа еколозите решението го гледаат во термалните камери, односно термалните дронови кои се далеку поефикасни од луѓето...

02 Ноември 2023

Организациониот одбор на фестивалот на детски песни „Распеано рибарче“ распишува Конкурс за нови песни и изведувачи за јубилејното 25 издание на фестивалот што ќе се одржи во април 2024 година во Охрид.

24 Октомври 2023

"Работата ве одржува здрави и млади", вели за СБС на македонски Весела Грујоска, која што работи за државната компанија "Транспорт на Нов Јужен Велс" цели 50 години и дури и во деветтата деценија од животот не мисли наскоро да се пензионира.

За оваа енергетична жена со неверојатна работна етика, компанијата организира свеченост на која што и беше оддадено признание за половина век служба, без речиси ниту ден отсуство поради боледување. Една таква животна приказна за македонска мигрантка во Австралија објави уредничката на СБС Македонски Радица Бојковска - Димитровска, за неверојатната Веса од Вапила, која Публицитет.мк ви ја пренесуваме во целост:

13 Октомври 2023

Годинашното, седумнаесетто по ред издание на фестивалот на камерна музика „Златна лира“ ќе се одржи од 16 до 31 октомври во организација на Сојузот на музичките уметници на Македонија – СМУМ. „Златна лира“ е манифестација со богата традиција, посветена на промоција на светското и на домашното исполнителство, но и творештво.

Страница 1 од 90
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter